ЕУ објави на кои стоки од САД воведуваат царини
Објавено на од во Економија

Европската Унија, како одговор на конфликтот на Боинг и Ербас со САД воведува царини на увезена стока од САД, во вредност од  20 милијарди долари.

eu-usa-tradewar-1Меѓу производите на кои ќе се воведат царини се прехранбени производи, како што се замрзната риба, морски плодови, цитрусно овошје, кечап, кафе, какао, чоколадо, разни видови на ореви … На листата се’, исто така, тутун, алкохолни пијалоци и разни видови на масла, пренесуваат агенциите.

Листата вклучува широк спектар на други производи од возила и машини, како што се трактори, авиони и хеликоптери, додатоци за облека, видео игри …

САД и ЕУ се во друг спор пред Светската трговска организација (СТО), како резултат на финансиската помош што им ја давале на своите производители на авиони.

„Денес Европската комисија започна јавни консултации за прелиминарна листа на американските производи за кои Европската Унија може да преземе контра-мерки во контекст на тековниот спор пред СТО. Денес објави листа која опфаќа различни предмети, од авион до хемикалии и земјоделско-прехранбени производи (вклучувајќи се’ од замрзната риба до кечап), што претставува вкупен износ од околу 20 милијарди долари на извозот од САД во Европската унија “, се вели во соопштението.

СТО неодамна објави извештај во кој се наведува дека САД илегално го субвенционирале Боинг преку даночно олеснување од 2012 година.

“Европските компании мора да бидат способни да се натпреваруваат правично и подеднакво. Неодамнешната одлука на Светската трговска организација, за субвенциите на САД за Боинг е важна во овој поглед. Мораме да продолжиме да ги браниме истите услови за нашата индустрија “, рече претставничката на ЕУ за трговија, Сесилија Малмстрем.

Пред неколку дена, американскиот претседател Доналд Трамп го објави воведувањето на нови царински давачки за европските производи како одговор на субвенциите на Европа на “Ербас”.

“Ако тие ја надувуваат нивната листа, и ние ќе го сториме истото”, рече неименуван европски дипломат.

По официјалното соопштение, Канцеларијата за трговски претставници на САД (USTR) објави прелиминарна листа на производи од ЕУ кои би можеле да се соочат со дополнителни давачки поради субвенциите на ЕУ за “Ербас”. Како одговор, Ербас рече дека најновиот извештај на СТО ќе му овозможи на блокот да размисли за “уште поголеми контрамерки”.

Трговската војна помеѓу САД и Европската унија започна минатата година откако Трамп ги објави плановите за воведување повисоки царински давачки за увоз на челик и алуминиум. Европа потоа реагираше со царински контра-мерки на бројни американски стоки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×