ЕУ одобри изградба на гасоводот ТАП од Турција до Италија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската комисија соопшти дека проектот за гасовод кој преку Грција и Албанија ќе ги поврзува Турција со Италија, одговара на правилата на ЕУ и може да започне со градба.

Во соопштението се посочува дека Европската комисија го признава договорот помеѓу Атина и Trans Adriatic Pipeline AG за условите за државна помош.

За експертите проблематично останува прашањето околу специјалните даночни олеснувања кои треба да ги даде Грција и кои се еден вид државна помош која ја руши конкурентноста на другите компании. Сепак Европската комисија смета дека потребни се даночни стимулации за ТАП како значаен инфраструктурен проект кој без ваквата помош не би можел да се реализира.

Прогнозите се дека Транс јадранскиот гасовод (ТАП) ќе и донесе на Грција 2,3 милијарди евра инвестиции и од 2020 година ќе и доставува на Европа секоја година по 10 милијарди кубни метри гас од Азербејџан. Тоа е обем кој што може да задоволи околу 17-18% од потребите на Италија. Вкупните инвестиции за овој проект би требало да изнесуваат околу 5,6 милијарди евра за период од пет години.

AП треба да е продолжение на Јужно- кавкаскиот и Транс анадолскиот гасовод. Преку него во Јужна Европа треба да стигне гас од наоѓалиштето „Шах Дениз 2“ во азербејџанскиот дел на Каспиското море. Вкупната траса минува низ Грузија, Турција, Грција и Албанија, а можни се и краци за Бугарија, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Акционери во ТАП се британски ВР (20%), азербејџански ГНКАР (20%), италијански Ѕnam (20%), белгиски Fluxys (19%), шпански Enagas (16%) и швајцарски Axpo (5%). Пред некое време поради различни причини од проектот се повлекоа норвешката Statoil, француска Total и германска Е.Оn.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×