ЕУ разговара за таргетирани санкции против Турција
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Министрите за надворешни работи на ЕУ размислуваат за можни таргетирани санкции против Турција поради нејзините активности во кипарските води, брифираат европските дипломати.
erdogan-looking-like-hitlerЕвропските држави и институции ја разгледуваат оваа опција веќе неколку дена, но денеска се нашла и на масата на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, иако прашањето не беше формално предвидено на дневен ред.
Министрите се договориле денеска да „работат“ на таргетирани мерки поради турското дупчење нафта во кипарските води, што во ЕУ се смета за нелегална активност и напад врз суверенитетот на Кипар.
Во оптек се таргетирани црни листи, но и можно замрзнување на преговорите за членство со Анкара и намалување или кратење на разните видови финансиска поддршка и заеми од ЕУ за Турција.
Според дипломатски извори, една од опциите е да се намалат за една третина ИПА фондовите за Турција, односно околу 145 милиони евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×