ЕУ: Секој глас е важен – ги повикуваме граѓаните да го искористат правото на глас на изборите
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Локалните избори на 15 и 29 октомври се можност граѓаните да ги изразат своите гледишта за правецот во кој нивните општини треба да се движат во иднина. Европската унија ги охрабрува политичките лидери, нивните партии, како и релевантните чинители да го искористат изборниот процес за да ја потврдат и покажат својата посветеност на демократските вредности и владеење на правото, се наведува во заедничката изјава на Делегацијата на ЕУ и на амбасадите на земјите-членки на ЕУ во Македонија во пресрет на локалните избори.

„Ги повикуваме политичките лидери и партиските членови да овозможат одржување на избори без заплашување и насилство. Потсетуваме на важноста да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности и ресурси пред, за време на, и по изборите. Ги повикуваме медиумите да им обезбедат на граѓаните разновидно и објективно информирање кое им е потребно за да донесат информирана одлука на денот на изборите. Ја подвлекуваме важноста од меѓународни набљудувачи на изборите, особено на ОБСЕ/ОДИХР. Секој глас е важен. Ги повикуваме сите граѓани да го исполнат своето демократско право на глас и на тој начин да ја обликуваат иднината на своите општини“, се посочува во заедничката изјава на Делегацијата на ЕУ и на амбасадите на земјите-членки на ЕУ во Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×