ЕУ со трета казна за Гугл, вкупно 8,2 милијарди евра за три години
Објавено на од во Uncategorized
Технолошката компанија сега е казнета со вкупно 8.2 милијарди евра (9.3 милијарди долари) од Европа во изминативе три години.
google-fined1ЕУ „го погоди“ Google со уште една голема антимонополска парична казна, трета во серија казни во милијарди долари,за американскиот технолошки гигант.
Европската комисија во средата нареди на Google да плати 1,5 милијарди евра за злоупотреба на својата доминантна позиција во он-лајн рекламното пребарување.
„Гугл ја зацврсти својата доминација во он-лајн рекламите за пребарување и се заштити од конкурентскиот притисок со наметнување на анти-конкурентни ограничувања на договорот за трети страни”, рече комесарот Маргрет Вестагер во соопштение.
Регулаторите на ЕУ презедоа многу подефанзивен пристап кон Биг Тек компаниите , отколку нивните колеги од САД, особено кога станува збор за конкуренција, заштита на податоци и даночни прашања.
Google веќе е казнет со две претходни антимонополски казни од ЕУ. Комисијата нареди на компанијата да плати 4,34 милијарди евра во јули 2018 година за неправедно наметнување на своите апликации на корисниците на паметни телефони и спречување на конкурентите.
Во 2017 година, ЕУ наметна парична казна од 2,4 милијарди евра на Google за користење на својот пребарувач кон насочување на потрошувачите на сопствената трговска платформа.
Компанијата во вторникот објави дека има дополнителни промени во својата услуга врз основа на “повратни информации” од Европската комисија.
Таа започна со тестирање на нов формат кој им овозможува на корисниците директни врски за споредба на сајтови за купување. Исто така, ќе побара од новите и постоечки Андроид корисници во Европа, да посочат кои пребарувачи би сакале да ги користат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×