ЕУ создава фонд на иднината од 100 милијарди евра
Објавено на од во Економија
Европската унија создава фонд од 100 милијарди евра за инвестиции во стратешки области, во кои заедницата заостанува зад своите глобални конкуренти, пишува британскиот весник Фајненшл Тајмс (ФТ), кој успеал да се запознае со релевантните документи на Унијата
еуТаканаречениот „Европски фонд за иднината“ ќе ги финансисра инвестициите на земјите членки во водечките индустриски групи и компании, кои се способни да им конкурираат на такви корпорации, како на пример Гугл, Епл и Алибаба.
Создавањето на таков фонд треба да претставува одговор на повиците на Франција и Германија „за формирање на такви инструменти за офанзивна индустриска политика“, која ќе го заштити европскиот бизнис од нелојалната конкуренција.
Авторите на проектот посочуваат дека компаниите надвор од ЕУ „имаат невидени финансиски ресурси, што може да ја уништи иновативната динамика на ЕУ и индустриската состојба на заедницата во одредени сектори“. Станува збор за странски технолошки гиганти, како Гугл, Епл, Фејсбук и Амазон, но и кинеските Баиду, Алибаба и Тенсент, кои ја диктираат глобалната дигитална индустрија.
„Во Европа нема такви компании. Тоа претставува опасност за економскиот раст, работните места и влијанието на Европа во клучните стратешки сектори“, се констатира во документите на ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×