ЕУ усвои измени на Директивата за природен гас
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Советот на ЕУ усвои измени на Директивата за природен гас на Унијата, кои се однесуваат на експлоатацијата на подводни гасоводи, вклучително и на „Северен поток 2“.
Council of Europe, StrasbourgОдобрувањето на измените од страна на Советот е последната фаза од усвојувањето на новата Доктрина за гас на ЕУ. Претходно, на почетокот на април, измените ги одобри и Европскиот парламент со 465 гласа „за“ и 95 „против“.
Измените ќе стапат во сила 20 дена по нивното објавување во Службениот весник на ЕУ, по што земјите членки на Унијата ќе имаат рок од девет месеци да ги инкорпорираат во своите национални законодавства.
Со измените, за подводните гасоводи од трети земји до ЕУ од сега ќе важат истите правила како и за копнените гасоводи, односно производителот на гас не мора да е сопственик на цевководот низ кој се дистрибуира енергенсот и мора да биде обезбеден пристап на трети страни до него, недискриминаториски тарифи и транспарентност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×