ЕУ воведува нови правила за Западен Балкан – прво одобрување, па патување во Шенген зоната
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Luxembourg's village of SchengenДржавјаните на земјите од Западен Балкан за патување во шенген зоната, ќе мора претходно да бараат одобрување од надлежните служби во ЕУ. Иако нема да биде потребно да вадат визи, сепак секој кој сака да патува во ЕУ ќе мора да пополни електронски формулар и да добие одобрување.

Ако системот биде усвоен ќе стапи на сила на почетокот на 2020 година.
Одобрувањето ќе се бара со пополнување на електронски формулари, а одговорот од ЕУ ќе стига во рок од најдоцна 72 часа.
За оние за кои ќе се утврди дека претставуваат опасност по безбедноста на ЕУ, барањето ќе им биде одбиено и нема да добијат дозвола за патување, се наведува во предлогот за воспоставување на новиот Европски систем за одобрување на патување (ETIAS).

Ваквиот предлог на Европска комисија, прво треба да го усвојат сите тела на Европскиот парламент, по што ќе треба да биде усвоен од Советот на министри.

Според предлогот, граѓаните на земјите од Западен Балкан и другите земји на кои ќе им се потребни визи за патување во шенген зоната во ЕУ ќе мораат за услугата за претходна проверка да платат 10 евра, но тој трошок ќе се покрива период за патување од три години, односно додека ти трае важноста на пасошот.

Од плаќањето на оваа давачка ќе бидат ослободени лицата помлади 18 години и постари од 60 години, членовите на семејствата државјани на ЕУ, како и студенти и научни работници.

Целиот процес во рамки на Европскиот парламент треба да биде завршен до крајот на годината, а потоа за системот ETIAS конечната одлука ќе треба да ја донесе Советот на министри на ЕУ.

Во електронскиот формуларпокрај личните податоци и податоците за пасошот, ќе мораат да бидат наведени земјата на влез во ЕУ, адресата и местото на престој, тамошни податоци за контакт…

Исто така граѓаните на земјите од Западен Балкан ќе мора властите од ЕУ да ги известат дали се осудувани за сериозни криминални прекршоци (тероризам, сексуална експлоатација на деца, трговија со луѓе или дрога, убиства, силувања), дали престојувале во специфични зони на конфликт во последните 10 години.

Во образложението на предлогот за ETIAS се подвлекува дека овој систем ќе овозможи рана проверка на патниците на кои не им е потребна виза и оние за кои ќе се востанови дека претставуваат опасност за ЕУ, кога станува збор за безбедноста, илегалната имиграција или закана од епидемиски болести.

Електронскиот формулар со молбата од лицата кои патуваат без визи во шенген зоната автоматски ќе биде проверен во базата на податоци на ЕУ, вклучувајќи Шенгенскиот информационен систем (SIS), Системот на влез/излез, како и преку базата на европската полиција Европол и Интерпол, за да се провери дали патната исправа е изгубена, украдена или за тоа лице е издаден налог за апсење, се наведува во образложение на предлогот за ETIAS.

Од лицата кои бараат одобрување за патување во шенгенскиот простор во ЕУ, се наведува во образложението, може да бидат побарани и дополнителни информации, а во исклучителни случаи и барање за разговор.

“Ако на барателот му биде одбиено барањето ќе биде известен за причините и ќе има право на жалба, вклучително и преку суд”, стои во предлогот.

Овој механизам, според европските власти, значително ќе придонесе за зајакнување на безбедноста на ЕУ и посилно и поефикасно делување на системот на заштита на границите.

Европската комисија стави до знаење дека до сега има 50 земји на чии граѓани не им е потребно виза за влез во ЕУ, а се очекува дека шенгенските граници во 2020 година ќе ги преминуваат над 39 милиони странци.
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×