ЕУ-Западен Балкан инвестициски форум во Белград
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Форум за унапредување на инвестициската клима меѓу Европската унија и западниот Балкан се одржува денеска во Белград во организација на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија. Форумот, како што е најавено, ќе го  отворат европскиот комесар Јоханес Хан, министерот за економија на Албанија, Милва Економи, и претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска.

Целта на форумот „Еу – Западен Балкан инвестициски форум“ е да ја истакне важноста на координацијата на економските политики за унапредување на економскиот и општествен напредок, во стратегијата на проширување на ЕУ.

На првата панел сесија Хан, Арсовска и Економи заедно ќе дискутираат за структурните реформи потребни за подобрување на инвестициската клима, регионалната економска интеграција, како и приближувањето кон единствениот пазар на ЕУ.

Лидерите на Западен Балкан креатори на економските политики, инвеститорите на ЕУ, регионалните и локалните бизниси на тематските панел сесии ќе разговараат и за моделите кои водат кон зголемено учеството на приватниот сектор во креирањето и спроведувањето на структурните реформи.

Конференцијата се одржува две недели по годишниот економски и финансиски дијалог на ЕУ со земјите на Западен Балкан и Турција во Брисел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×