Еуролинк oсигурување отвора прва онлајн филијала за осигурување
Објавено на од во Компании
Еуролинк oсигурување ја отвора својата прва онлајн филијала, каде што граѓаните може да пристапат до сите услуги и совети од искусните консултанти за осигурување преку клик на својот мобилен телефон или компјутер, без притоа да го напуштат својот дом или работно место.
Online_filijala_EUROLINK
Од Еуролинк oсигурување сметаат дека трендот во рамки на кој сите бараме нови начини за реализација на секојдневните активности со намалување на личниот контакт, иако поттикнат од пандемијата, е тренд што ќе се задржи и во иднина затоа што луѓето сѐ почесто имаат потреба од квалитетно, но брзо завршување на работите од местата каде што се наоѓаат. Притоа, додадена вредност e можноста да се комуницира лесно и ефикасно со вистинските луѓе, во овој случај со искусните консултанти за осигурување на Еуролинк, кои може преку онлајн-состанок да ги одговорат сите прашања на клиентите, да помогнат во изнаоѓање на правото решение за поголема сигурност за осигуреникот.
„Приближувањето на нашите услуги и продукти до граѓаните преку инвестирање во нови технологии и пренесување на осигурителните услуги онлајн започна уште со нашето воведување на првиот вебшоп за осигурување во земјава. Комплементарни на ова се секако и мобилната апликација, 24/7 Контакт-центарот, електронското пријавување штети, електронското плаќање фактури и рати – услуги што постепено ги воведувавме во изминатиот период. Со поставувањето на првата онлајн филијала, практично го заокружуваме овој процес. Отсега нашите осигуреници и сите заинтересирани граѓани може да обезбедат онлајн видеосостанок на клик со еден од нашите консултанти за осигурување и да најдат соодветно решение за својата сигурност од удобноста на својот дом“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк Осигурување.
Онлајн филијалатаја користи платформата CiscoWebex– водечко решение за видеоконференции, онлајн-состаноци, вебинари и сл. На овој линк Еуролинк oсигурување ги има обезбедено сите насоки за заинтересираните граѓани што сакаат преку платформата да пристапат до првата онлајнфилијала за осигурување кај нас!
Онлајн филијалата започнува да работи со исто работно време како што во моментов функционираат сите други филијали на Еуролинк oсигурување – тоа е секој работен ден, од 8 до 14 часот. Целта е понатаму работното време да се продолжува во согласност со потребите на граѓаните.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×