Евангелос Венизелос во ексклузивно интервју за “Капитал”: За конечното решение прво мора да имате консензус меѓу вас
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

venizelos 1Поранешниот шеф на грчката дипломатија Евангелос Венизелос во специјалното интервју за магазинот “Капитал”, кое во целост ќе го прочитате во најновото издание во петок, вели дека за решение на спорот за името е потребен нов амандман во Уставот.

“Имаше тешкотии со имплементацијата на Охридскиот рамковен договор и на договорот од 31-ви март. Би сакале да се избегне слично непочитување на евентуалниот договор преку јасен знак на волјата на сите политички фактори во Вашата земја”, вели тој.

Затоа, според него, амандманот ќе биде гаранција дека има политички консензус помеѓу сите партии, како клучен фактор во однос на перспективите и одржливоста на можното решение. На прашањето како бараат ваков консензус од нас, кога и во неговата земја тој не е постигнат, Венизелос вели:
“И тука ни треба консензус за конечното решение. Тоа мора да биде прифатено од широк политички спектрум и од јавното мислење исто така. Ни треба функционално и остварливо решение. Од друга страна, остварливоста и применливоста на решението е апсолутно поврзана со ситуацијата кај вас и фактот дали ќе се вклучат сите големи партии”, вели Венизелос.

Според него, силните разлики помеѓу Владата и опозицијата се лош знак за иднината на можниот договор.
“Суштината е географската одредница, деталите во однос на јазикот, националноста, производите итн. за да се избегне идеолошко користење на историјата и каков било иредентизам. Без паралелни интервенции во полето на Уставот, договорот секогаш ќе има ризик да се отвори во иднина како едно внатрешно прашање. Владино мнозинство не може да биде доволно за историски чекор од овој тип. Ова е многу важно, ова е суштински витално за вашата држава пред се. Ова ќе значи заштита на вашето внатрешно единство, државност и е гаранција дека сме дошле до решение на долг рок”, вели Венизелос во интервјуто дадено специјално за магазинот Капитал, а кое во целост ќе можете да го прочитате во најновото издание кое излегува во петок.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×