Еве како се трошат европските пари
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Најголема ставка во државните расходи на Европската унија е социјалната заштита. На крајот од 2014 година речиси една петина од БДП (Бруто домашниот производ) на Унијата се потрошил за социјална заштита. Кај некои земји членки на ЕУ, како на пример Финска, Данска, Австрија, Италија, Шведска, Грчка и Словачка, трошоците на име на социјална заштита изнесуваат 20% од БДП, покажуваат податоците на европската служба за статистика Евростат.

EU budgetСледна најважна ставка во трошењата на ЕУ е здравството, за што се троши дури 7,2% од БДП. За надворешни работи и трансакции на јавниот долг се трошат 6,7% од БДП, за образование 4,9%, за економски работи 4,2% од БДП, јавен ред и безбедност 1,8% од БДП, за одбрана 1,3% од БДП, за рекреација, култура и религија 1,0% од БДП и за заштита на животната средина 0,8% од БДП.
Учеството на трошоците за социјална заштита на стари лица во вкупната потрошувачка на државата е највисок во Грција, а најмал во Ирска.
Најголеми трошоци за здравство имаат Финска, каде дури 8,3% од државниот БДП се троши за оваа цел, потоа следат Франција со трошоци за здравство од 8,2% од БДП, и Белгија и Холандија, каде за здравство за трошат 8,1% од државните буџети.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×