Events: Стопанската комора ја собра балканската бизнис и политичка елита во Скопје
Објавено на од во Бизнис и политика

Trkalezna masa WEBГолемите фаци дебатираа зошто сме мали и неразвиени

Голем и скап државен апарат, а мала ефикасност; големи суети, а малку знаење; големи можности, а мала соработка; големи политики, а малку стабилност… Уште многу големи и мали нешта фалат во западно – балканските економии за да мрднат од мртвата точка во која се наоѓаат 25 години, истакнаа учесниците на тркалезната маса за шансите на малите земји од регионов.

Големината на една земја не е пресудна за нејзиниот економски успех, треба да се работи на едукацијата, конкурентноста, да се соработува меѓусебно, затоа што само така може да се издржи во глобалните економски текови, беше клучната порака на тркалезната  маса “Позицијата на малите земји во меѓународната економија – предности и недостатоци“, што се одржа на 17.02.  во Скопје во организација на Стопанската комора на Македонија.

“За жал, социјализмот се’ уште постои во нашите ментални матрици, иако формално расчистивме со него пред 25 години. Дозволивме дезинтеграциските процеси и воени конфликти од минатото да не влечат надолу, наместо да го надминеме сето тоа и да гледаме напред. Ако не соработуваме меѓу себе, ќе бидеме гладни, толку е просто“, рече Бранко Роглиќ, еден од учесниците на тркалезната маса, сопственик на дистрибуциската групација Орбико, кој што доаѓа од Хрватска.

Тој додаде дека скапата државна администрација го кочи развојот на сите земји од регионов и дека мора да се работи на нејзино намалување и создавање мала и ефикасна јавна служба.

“Замислете, буџетот на Хрватска за 15-тина години е трикратно пораснат, слично  е и во другите земји од окружувањето. Па, што правиме ние? Дали населението пораснало три пати? Дали економијата пораснала толку? Кој бизнис сектор може да го издржи сето тоа?“, праша Роглиќ.

Дека се потребни реформи на јавниот сектор истакна и д-р Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија и главен организатор на Копаоник бизнис форумот.

“Да ги погледнеме балтичките земји само. Литванија, Летонија и Естонија имаа БДП од 2 – 3.000 долари по глава на жител пред 20 години, денес имаат од 16 – 18.000 долари. Како го направија тоа? Па, пред сè, со длабоки реформи во јавната администрација. Го поевтинија работењето на државата, создадоа мал и ефикасен државен апарат што му овозможи на претприемништвото и приватниот бизнис да дише слободно и да расте. Додека кај нас на Балканот клучен проблем е недовршената транзиција“, рече Влаховиќ на дискусијата, организирана во рамки на одбележувањето на големиот јубилеј, 95 години од основањето на Стопанската комора на Македонија.

Stopanska komora EVENT WEB 01

Во дискусијата учествуваа познати државници, бизнисмени и експерти од земјава, регионов и пошироко, меѓу кои  Mило Ѓукановиќ од Црна Гора, Стипе Месиќ од Хрватска; Драган Микеревиќ, поранешен премиер на Република Српска; Џемал Инаишвили, претседател на Конфедерацијата на азиско – пацифичките трговско -индустриски комори и поранешен заменик претседавач на грузискиот парламент; Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија и главен организатор на Копаоник бизнис форумот; Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни економски студии;  Светозар Јаневски, првиот човек  на ВВ „Тиквеш“ и М6 инвестициската групација;  Кочо Анѓушев, сопственик на групацијата Феро Инвест;  Сава Далбоков, претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија и член на УО на „Steiermärkische Bank und Sparkassen AG“, Австрија;  Златко Симоновски директор на  Факом  Скопје, како и Марко Чадеж и Сафет Ѓерѓалиу, претседатели  на стопанските  комори на Србија, односно Косово.

Stopanska komora EVENT WEB frejm 01
Политичката нестабилност ги кочи инвестициите

Мило Ѓукановиќ, во седум мандати премиер и еднаш претседател на Црна Гора, рече дека е време да им се даде шанса на нови ликови на Балканот.

“Тоа што сме мали не мора да значи ништо. Меѓу најразвиените земји во светот голем број се мали, односно, според некаква меѓународна категоризација, под 10 милиони жители. Нашиот хендикеп е што со себе носиме длабоко наследство на економска неразвиеност и како да не може да излеземе од тој маѓепсан круг. Треба да им дадеме шанса на младите, на нови ликови во политиката и бизнисот, да ги завршат структурните реформи и конечно да тргнеме напред“, порача Ѓукановиќ.

Стариот искусен волк од Хрватска, Стипе Месиќ, човек кој што беше во последното највисоко раководство на СФРЈ пред нејзиното распаѓање, а потоа претседател и на Хрватска, рече дека малите земји од Балканот мора да најдат нова парадигма за меѓусебната соработка.
“Ако добро соработуваме меѓу себе, ќе најдеме поголема поддршка кај големите играчи во светската економија, оние што ги носат стратешките одлуки“.

Владимир Глигоров, инаку, син на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров, на конференцијата дојде од Виена, каде што долги години се бави со научно – истражувачка работа, со фокус на економиите од југоисточна Европа. Тој рече дека тешко може да се случи економски залет на земјите од овој регион, особено Западен Балкан, кога две и пол децении во континуитет постои политичка нестабилност.
“Мала е стапката на штедење и инвестирање  во овие земји, и кај населението и кај компаниите, затоа што никој не знае што ќе биде утре, па сите гледаат тоа што го имаат да го потрошат денес. Проблемот на малите балкански економии не е на  страната на побарувачката, туку кај понудата“, смета Глигоров.

Stopanska komora EVENT WEB frejm 02
Сонот на младите не е 200-300 евра плата

Светозар Јаневски, поранешен шеф на Пивара Скопје, сега претседател на УО на Винарската визба Тиквеш, рече дека проблемот на малите држави е што заради малата популација, помали се шансите за наоѓање креативни и способни луѓе генерално за сите области, а со тоа и за нивните влади.

“Зошто некои земји се богати? Не е само до ресурсите. Еве, Јапонија нема речиси никакви природни ресурси, сите го знаеме тоа. Се работи за однесувањето, етиката, почитта, довербата. Кога ќе настанат промени на Балканот? Тогаш, кога ќе се смени лидерството и менаџментот, кога тие ќе го сменат она што го спомнав во претходната реченица.“, рече Јаневски.

Тој додаде и дека не треба се чудиме зошто младите си одат од Балканот.

“Со 200-300 евра плата не може да ги мотивираме, нормално дека ќе си одат. Не може да им кажеме, е ај сега стрпете се едно 20 години, ќе биде подобро. Поминаа веќе 25 години од падот на комунизмот. Колку уште да чекаат? Генерацијата што беа млади тогаш сега се веќе средовечни луѓе од 40-50 години“.

За проблемот на одливот на млада и квалификувана работна сила од балканските економии се осврна и Кочо Анѓушев, познат по своите бизниси од групацијата Фероинвест: фабриката Брако, трговијата со струја и др.,  но и како еден од најквалитетните професори на Машинскиот факултет во Скопје. Тој истакна дека за да успееш мора да имаш сон, желба нешто да се направи.
“Мора и младите да ги вклучиш во тој успех, да ги направиш дел од еден сон, да ги остварат и тие своите соништа. А, тие сигурно немаат сон да работат во некоја странска фабрика овде за мизерна плата!? Јас во мојата групација од 800 луѓе имам преку 100 инженери, и ниту еден досега не ми отишол во странство. Како сум го постигнал тоа? Прво, мора да им дадам шанса да работат на нешто значајно, да се свесни дека создаваат производ, а не дека се некаква лон шивалница на големите брендови. Токму денес додека зборувам овде,  две пратки камиони  што ги произведува Брако се отидоа за Британија и Чиле. Второ, морам добро да ги наградам за нивниот придонес во остварување на мојот сон и визија, а воедно и нивниот.“, објасни Анѓушев


Trkalezna masa1 WEBШто сè дискутираа учесниците на тркалезната маса

Модераторот на тркалезната маса, потпретседателот на Стопанската комора на Македонија и главен извршен директор и претседател на управниот одбор на „Шпаркасе Банка Македонија, Глигор Бишев, во дискусијата, наметна повеќе теми за учесниците: Да се биде мала економија е предност или недостаток? Како треба да реагираат малите економии на тековните случувања во големите економии? Можат ли малите економии да изградат сопствени мултинационални трговски марки или таквите „брендови“ треба да се увезат од „светот“? Можно ли е да се биде мал, а конкурентен, во отсуство на соодветна инфраструктура, образована и квалификувана работна сила, стабилни и ефикасни институции и структурни реформи? Како да се финансира растот на малите економии и нивното приближување кон светските пазари? Имаме ли доволно големи банки, коишто се заинтересирани да ги финансираат фирмите од малите економии? Кои би биле правилата на фискалната и монетарната политика за малите економии? Дали ниските даноци и каматни стапки се лек за сè, или пак за успех се неопходни предвидливост, стабилни макроекономски политики и правично постапување?

“Потребно ни е да изградиме една култура на соработка, како увертира во нешто ново – одржлива структура/ здружение или еден интегриран концепт на состаноци на високо ниво, и во ваков или сличен состав да се гледаме и да работиме почесто.Со други зборови, ова да прерасне во традиционален настан кој со тек на време ќе придонесе за градење единствени вредности за сите претприемачи од малите држави и за унапредување на капацитетот на претприемачите од малите држави.“, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, по повод одбележувањето на 95-те години на нејзино постоење со тркалезната маса за развојот на малите економии.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×