EVEREVOLVING или вечната трансформација како клуч за успехот
Објавено на од во луѓе и компании

EOS1 WEB 960Петнаесет години EOS во Македонија

 „Низ годините ЕОЅ се позиционираше како партнер на банките и финансиските компании во делот на наплата и откуп на побарувања. На почетокот во Македонија многу малку се знаеше за дејноста наплата на побарувања. Сега на македонскиот пазар ЕОЅ успешно работи со 85 вработени. Клиентите многу бргу ја препознаа додадената вредност која ЕОЅ како бренд ја носи и денес сме нивниот прв избор.“, вели Катерина Бошевска, генералниот директор на ЕОЅ во Македонија и Црна Гора.

 

Во духот на пеперутката, симболот на вечната трансформација на животот, пионерот на домашниот пазар во бизнисот со управување на побарувања, ЕОЅ Matrix, прослави 15 години присуство и успешна работа во Македонија. Како што пеперутката е асоцијација за истрајност, промена, надеж и живот, така и успешните компании се оние што преку постојани трансформации и промени можат да стојат цврсто наспроти сите предизвици, велат во компанијата.

EOS2 WEB 960На 14 – ти март 2018, во х. Мериот, ЕОЅ организираше настан со тема EVEREVOLVING (или секогаш во промена, во еволуција, што би значело во слободен превод, н.з.) на кој со своите партнери, клиенти и соработници го прослави роденденот и ја презентираше својата нова мисија и планови за иднината. Настанот беше прв од серијата настани планирани во текот на 2018 година, со која ЕОЅ ќе го одбележи својот 15 – ти роденден во Македонија.

“Низ годините ЕОЅ се позиционираше како партнер на банките и финансиските компании во делот на наплата и откуп на побарувања. На почетокот во Македонија многу малку се знаеше за дејноста наплата на побарувања. Сега на македонскиот пазар ЕОЅ успешно работи со 85 вработени. Клиентите многу бргу ја препознаа додадената вредност која ЕОЅ како бренд ја носи и денес сме нивниот прв избор”, вели Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОЅ во Македонија и Црна Гора.

ЕОЅ Matrix Македонија е дел од Групацијата ЕОЅ која е една од најголемите меѓународни компании за финансиски услуги. Во европски рамки ЕОЅ важи за лидер на пазарот на услуги за менаџирање на побарувања, а истото е точно и за македонскиот пазар. Од 2003 – та година до денес, ЕОЅ во своето портфолио на партнери и соработници вбројува голем број компании присутни во скоро сите сегменти од македонската економија: банки, телекомуникациски компании, комунални претпријатија, како и голем број на мали, средни и големи компании од приватниот сектор.

EOS1 WEB 960 brojkiГрупацијата ЕОЅ има над 40 годишно искуство во управувањето со побарувања и повеќе од 20,000 клиенти ширум светот, а своите услуги ги нуди во 26 земји во Европа и Северна Америка. ЕОЅ денес е препознатлив интернационален бренд, со седиште во Хамбург кој обезбедува услуги специјализирани во три области: наплата на долгови, откуп на доспеани побарувања и комплетно преземање на процеси.

“Нашата практика, нашата грижа за вашите побарувања ќе ја споиме со современата технологија, ќе се обидеме да држиме ритам со брзата промена на светот околу нас и да ги прифатиме сите технолошки промени кои би довеле кон подобро управување со вашите побарувања. Како и до сега, ќе се трудиме да придонесуваме позитивно за нашата економија, да помагаме на банките во процесот на решавање на нефункционалните кредити, да бидеме потребната алка кон побрза наплата за другите чинители на нашиот пазар, а при тоа да бидеме партнери и најблиски соработници со оние кои најдиректно и практично се одговорни за доследно имплементирање на легислативата, овде особено алудирам на нашите партнери во тој процес на наплата на побарувањата, нотари, адвокати и извршители. Во духот на промените низ кои поминавме и сè уште минуваме во ЕОЅ, нашата 15 годишнина ќе ја одбележиме со уште три други настани низ тековната година, кои ќе имаат за цел иницирање уште поголема комуникација и соработка со Вас, нашите партнери. Настани на кои заедно ќе размислуваме кон решенија, заедно ќе дебатираме и споделуваме знаења и искуства. Настани на кои ќе се обидеме да ја донесеме нашата практика во управувањето со побарувањата за нашите клиенти од другите ЕОS компании ширум светот, поблиску до Вас.”, истакна директорката Бошевска.

Дигитализацијата и културолошкото патешествие следни предизвици

На настанот специјален гостин беше г-дин Марвин Рамке, член на Бордот на директори на EOS групацијата, одговорен за Источна Европа, којшто истакна дека почетоците во бизнисот со управување со побарувања биле тешки, не само во Македонија, туку секаде низ Европа, затоа што луѓето имале погрешна претстава за тоа што значи менаџмент на долговите.

EOS3 WEB 960

Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОЅ во Македонија и Црна Гора, и Марвин Рамке, член на Бордот на директори на ЕОЅ групацијата, одговорен за Источна Европа.

“Но, ние во ЕОЅ отсекогаш работевме со страст и решителност да ги следиме нашите основни вредности – фокусот и разбирањето. Низ годините соработувавме тесно со нашите клиенти и должниците за да ги сфатиме нивните потреби и го развивавме ЕОЅ токму во насока што значи опслужување и на двете категории.“, рече Рамке.
Тој додаде дека пред две години EOS лансирале кампања која уште поотворено зборува за тоа што е всушност менаџмент на долговите и како компанијата ги опслужува своите клиенти, како и должниците. Благодарение на овие чекори на групацијата, перцепцијата за услугите на управување со долговите денес е многу поразлична. Со помош на постојано отворената комуникацијата со клиентите и пазарите каде што има ЕОЅ има бизнис операции, тие ги адаптираат своите услуги по мерка на потребите на секој пазар поодделно.

“На пример, последниве неколку години ние сме едни од најголемите откупувачи на ненаплатливи кредити во Европа. Особено сме горди на нашата брза реакција кога се појави потреба на пазарот за откуп на обезбедени побарувања, сегмент каде што сме многу активни, особено минатата година кога успеавме да откупиме значителни портфолија во Хрватска, Романија, Бугарија, итн. Исто така вакво портфолио имаме и во Македонија, сè уште мало по обем, но значајно како добар сигнал дека пазарот е спремен за овие услуги.“, истакна гостинот од топ менаџментот на ЕОЅ.

Од корпоративното видео што беше презентирано на прославата, дознавме и дека ЕОЅ изминатава година напорно работи на два нови проекти, дигитализацијата и културолошката трансформација на групацијата. Компанијата вложува многу пари и време за да дефинира каде ќе се движи во иднина. Нивната цел е да останат најдобар провајдер на услуги во областа на наплатата на побарувања, откупот на побарувања и аутсорсингот на процеси.

“Исто така, во периодот што следи може да очекувате уште неколку нови нешта од ЕОЅ, во духот на целосната компаниска дигитализација што ја спроведуваме. Тоа ќе бидат нови услуги засновани на нови технологии на обработка на податоците, услуги што ќе го издвојат ЕОЅ како дигитализиран финансиски инвеститор.“, рече Рамке.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×