ЕВН донираше медицинска опрема за „Градска болница – Скопје“
Објавено на од во Економија
Досега ЕВН Македонија има донирано 280.000 евра во пари и опрема за потребите на македонското здравство во борба против корона-кризата. 
IMG_0585
ЕВН Македонија донираше 13 перфузори и инфузиони пумпи за оддделот за интeнзивна нега во градската болница Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Оваа медицинска опрема се користи за правилно и прецизно дозирање на лековите кај пациентите во интензивна нега. Во современиот начин на лекување ова се неопходни апарати кои ќе придонесат за поуспешно лекување на повеќе пациенти. За набавка на перфузорите ЕВН одвои 10 000 евра.
„Особено сме благодарни на ЕВН што реализира една ваква донација токму во време на актуелната ситуација со корона вирусот кога нашата клиника покрај своите пациенти ги презема и сите пациенти кои треба хируршки да се третираат од другите центри каде што се лекуваат заразените од вирусот. Токму oвие перфузори се потребни за адекватно третирање на пациентите во единицата за интензивно лекување во нашата установа, изјави директорот на клиниката“, д-р Љубен Арсенков.
EVN Donacija
ЕВН во последните шест месеци поддржа повеќе проекти и иницијативи во  здравствениот систем во земјава. Освен донацијата во Градската болница, донирани беа и 200 000 евра на Министерството за здравство за справување со корона вирусот. Со донација од 10 000 евра го реализираше приклучокот за електрична енергија за новата мобилна болница, а одвои и 60 000 евра за прочистувачи на воздух и респираторни машини за новороденчиња.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×