ЕВН – квалитетот на луѓето е највисок приоритет
Објавено на од во Интервју

ЕВН – компанија со машка цврстина и со женска упорност и посветеност

Во стереотипите за машки и женски професии – енергетиката традиционално се смета  за типична “машка” област, тоа не е случај со ЕВН Македонија, каде жените се застапени на повеќе раководни и работни позиции. Во оваа навидум „машка компанија“ одлуки за важни процеси носат и жени.  Во ЕВН е најважен индивидуалниот капацитет и интегритет на луѓето, без оглед  на нивниот пол.

На повеќе значајни и деликатни позиции во компанијата подолг период успешно работат жени. Тие со успех се справуваат со своите позиции и велат дека имаат одлична поддршка од сите свои колеги. Во ЕВН жени извршуваат инженерски, технички, административни позиции, менаџираат со проект  и раководат со цели оддели.

Голем предизвик е да се раководи со секторот Јавни набавки, особено во компанија која е дел од една поголема групација, но истовремено тоа  е и дополнителен мотив, особено ако сте амбициозни и не се плашите од многу работа, која понекогаш знае да биде и стресна.

„ Раководењето со набавките  би можело најсликовито да се спореди со “менаџирањето” во едно семејство- сите сакаат се што е најубаво, најново, “нај-тренди”, најквалитетно, потребно е да се набави најбрзо можно, сите да се задоволни од набавеното, работните процеси да течат без прекин,  а притоа не треба во ниту еден миг да изумите дека треба да се грижите да останете во лимитите, разумно и ефикасно да ги искористите средствата што се на располагање, за да може да  се набави и  уште нешто друго, што секогаш е потребно“, вели Слаѓана Николиќ – Николовска, која го раководи одделот за јавни набавки.

Во Струга,раководител на Корисничко енергетскиот центар( КЕЦ) е Славјанка Георгиевска, која менаџира со сите процеси за да се обезбеди навремено и сигурно снабдување во овој регион.  „Без разлика на тоа што  во  компанијата преовладува машкиот пол, а тоа е поради дејноста што ја врши оваа компанија, како жени сме покажале поголема храброст и издржливост. Компанијата нуди можност за напредување на своите вработени, не правејќи разлика помеѓу мажи и жени. Треба само да се има јасна цел и да се сака таа цел да биде постигната. Даниела Китанова, која го менаџира КЕЦ Гевгелија, вели дека нема никакви пречки во работата поради тоа што е жена, но потенцира дека односот кон луѓето зависи од домашното воспитување. Жените во секојдневното работење внесуваат нова енергија и знаат како да ги „омекнат“ и најпроблематичните ситуации и тоа внесува позитивен дух во работењето. „Има прогрес на овој план во однесувањето меѓу луѓето генерално. Ако се присетам на моите почетоци, кога ја започнував мојата кариера пред 10 години и бев раководител на деловна единица, претежно работев со мажи и кога повеќето клиенти бараа состанок со раководителите, не можеа да разберат дека тоа е жена и упорно инсистираа да се видат со „раководителот“. Денес работите се променети, иако има простор генерално во општеството да работиме на подобрување на состојбите“, вели Китанова.

Комуникациите во ЕВН Македонија ги менаџира Ленче Карпузовска. Таа вели дека односите за јавност и маркетингот се професии кои бараат личноста да поседува специфични способности, пред се да биде добар комуникатор, презентер, слушател, со соодветен  говор на тело, информацијата или маркетинг порака да ја направи разбирлива за јавноста, да биде брз и прагматичен, итн.. Некои од овие способности сметам дека повеќе и припаѓаат природно на жената, но како што има успешни или неуспешни мажи, така има и успешни и неуспешни жени. Тоа зависи од индивидуалниот карактер, но и од посветеноста на една личност да се реализира на професионален план.

Јулијана Заовска – Видиновски, го раководи  одделот за потрошувачи или популарно наречен „Кол Центар“,  и смета дека во ЕВН не само што жените добиваат еднакви можности, туку во последно време имаат и мала предност.
„Особините кои традиционално се сметаат за “женски”, како што се емпатијата, комуникативноста, менторството и градењето на меѓусебна поддршка, стануваат се поважни во градењето на односите со корисниците и културата во компанијата. Се радувам што ЕВН како компанија ја гледа вредноста која ја носат вработените како индивидуи, без разлика на полот“, вели Видиновски.

И Ана Атанасовска како менаџер на правниот оддел не прави разлика  дали раководител е маж или жена. Се бара исполнување на обврските, соработка, тимска работа и почитување на деловното работење. Според неа, законите во основа ја обезбедуваат рамноправноста на половите во повеќе сегменти, како што се вработувањето, достапноста на работното место, примањето иста плата за исто работно место. Но, практиката покажува дека е потребна и поголема активност на самите жени во обезбедување на рамноправноста и активно да се вклучат во сите сфери на заедницата, бидејќи тие поседуваат знаење, искуство и капацитет.

Марија Мојсова, менаџира два оддела, сметководство и стратешки контролинг. Вели дека нејзината работа бара прецизност, што не и е проблем како жена. „ Освен прецизност, финансиско-сметководствениот сектор истовремено бара и трпеливост, а умешноста на жената да постигне компромис се секако дополнителна вредност за менаџирање во областа на парите.“, вели Мојсова.

Елизабета Николовска, Раководи со одделот Бизнис Екселенс, а според нејзиното досегашно искуство, колегите мажи најчесто добиваат промоција врз основа на својот потенцијал, додека пак, жените се промовирани врз основа на своите достигнувања. Жената не е ниту подобра, ниту помудра, посилна, поинтелигентна, повеќе креативна или пак поодговорна од мажот. Но, таа не е ни помалку од него. Ние сме еднакви, додава Николовска. Заедничка цел треба да ни биде овозможување на жените да напредуваат на работното место, но истовремено да ѝм се овозможи на мажите со чувство на гордост да учествуваат во обврските во домот и одгледувањето на децата.

Според менаџерката на човечки ресурси, Анета Петровска, ЕВН Македонија им овозможува и ги охрабрува сите вработени да ги остварат своите лични цели заедно со организациските без оглед на полот. Нашите вработени и менаџери се стручни, секогаш подготвени за работа, доверливи и одговорни и тоа се критериумите за избор при вработување и напредување.

Заеднички се согласуваат дека жените на раководни позиции се успешни и поради тоа што, во  основа, се менаџери 24 часа во денот. Работните обврски се само еден дел од денот, по што следат и активностите за надоградба и секако, и најбитниот  дел на денот, поминат со семејството, каде најмногу се вложува во градењето на семејната хармонија и подигнувањето на децата како здрави и способни индивидуи, во духот на вистинските вредности.

Штефан Петер, Претседател на управниот одбор на ЕВН Македонија за улогата на жените на менаџмент позициите
Stefan-PETER

Сто процентна поддршка за жените на менаџерски позиции дава лично  првиот човек на компанијата, г-дин Штефан Петер, Претседател на Управниот Одбор на ЕВН Македонија.

Горд сум што половина од административните менаџери на средно ниво се жени. Во техничкиот дел, бројките не се толку добри, но тоа е секако и прашање на понудата на пазарот. Сепак, имаме и две менаџерки во нашите децентрализирани технички оддели.

За мене не е прашање дали е маж или жена. Менаџерската работа е соодветна и за двата пола. Цел ни е да ги ангажираме најдобро обучените, најдобро образованите, лица со  најдобри способности за врвните  позиции. Со тоа сосема е логично дека жените се дел од оваа целна група.  Стереотипите ги ограничуваат луѓето. Жените како и мажите  можат да бидат цврсти, слаби, чувствителни, брутални…Тоа е прашање на карактерот, на личните способности, како и на посветеноста на една личност да се реализира на професионален план, а не на полот. Не ги ангажираме  жените поради тоа што се жени, туку поради тоа што сите тие покажале дека се најдобри менаџери за одредени специфични барања.

 

One thought on “ ЕВН – квалитетот на луѓето е највисок приоритет

  1. Нај слаб мислам дека и Кол центаро бидејки лани секој месец пријавував и пет месеци чекав да ми сменат неисправно броило а најдобар и е правниот оддел бидејки цел август не бев дома а бидејќи броилото беше неисправно препишале од предходиот месец платив 3500 денари струја и пак ќе кажам деа кол центаро им е нај слаб бидејќи пофторно звонев десетина пати и пак никаков одговор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×