ЕВН Македонија избран за универзален снабдувач со електрична енергија
Објавено на од во Економија

Kомпанија на денешната аукција понудила маржа од 11,5%, a на аукцијата учествувала и државната компанија ЕЛЕМ.

evn macedonia

Конзорциумот составен од ЕВН Македонија и ЕВН електроснабдување е избран за најдобар понудувач на електронската аукција за јавно поддавање за избор за универзален снабдувач со електрична енергија што се одржа утрово.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека Владата ЕЛЕМ ќе ја обезбедува енергијата за универзалниот снабдувач, а оние 20% што треба да ги увезе нема да влијаат на цената на електричната енергија.

Вицепремиерот Анѓушев нагласи дека денеска конечно станува реалност она што беше замисла од Владата преточена преку Законот за енергетика што беше усвоен во мај 2018 година.

„Се покажува дека Владата имаше знаење и капацитет да ги задоволи директивите на ЕУ во делот на регулирање на слободниот пазар на електрична енергија, а при тоа со воведувањето на универзалниот снабдувач да ги заштити граѓаните од ценовните шокови и да им гарантира поволна цена“, рече Анѓушев.

Универзалниот снабдувач, како што рече Анѓушев, е механизам со кој се штити интересот на граѓаните и се обезбедува домашно произведената електрична енергија да стигнепо најповолни цени и услови без ценовни шокови.

„Со овој чекор на либерализација се завршува едно поглавје и од една страна се заштитуваат граѓаните, но од друга  страна се либерализира пазарот за малите компании кои сега имаат пристап на слободниот пазар и треба да очекуваат пониска цена на електричната енергија од таа што ја имаа досега“, посочи Анѓушев.

Анѓушев, во одговор на новинарско прашање, рече дека досегашниот начин на пресметка на маржата на ЕВН на „некој начин беше монополски“, бидејќи, како што рече тој, РКЕ ги прифаќала сите трошоци за оперативното работење на компанијата и давала маргина над тие трошоци.

„Сега механизмот на пресметка е различен и во базичната цена се зема само цената на електричната енергија која универзалниот снабдувач мора да ја купи на тендерска постапка, а над тоа е маргината од 11,5 проценти во кои влегуваат сите оператинвни трошоци и ненаплатени побарувања, како и нивната маргина која ќе им остане после надмирувањето на трошоците“, појасни Анѓушев.

АД ЕЛЕМ, согласно Законот за енергетика, како што оасни Анѓушев, е обврзан да обезбедува 80% од потребите на универзалниот снабдувач, а останатите 20 % ќе треба да ги купува на слободниот пазар, што ќе биде вградено во цената што ќе ја плаќаат потрошувачите.

„Со оглед на фактот што цената на слободниот пазар е зголемена потрошувачите ќе требаше да очекуваат покачување на цената на електричната енергија да не беше направен така миксот. Се надеваме дека со механизмот за воведување на универзален снабдувач ќе ја заштитиме цената. Како Влада ќе го држиме ЕЛЕМ во државна сопственост за да го заштитиме интересот на граѓаните. Практично на граѓаните во овој момент не им се исплаќа да излезат на слободниот пазар иако имаат право тоа да го направат“, рече Анѓушев.

Анѓушев, притоа, не очекува покачување на цената на струјата и по 1 јули кога треба да се утврди новата цена на електричната енергија.

Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека ЕВН со понудената маржа од 11,5% се намали првичната маржа од 14,4%.

„Со двата понудувачи на јавната аукција Владата покажа дека на конкурентен начин ги решава сите прашања“, рече Бектеши.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×