Евробарометар: Бугарија е втора меѓу државите-членки според довербата во ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Бугарија е на второ место меѓу членките на Европската унија според довербата што нивните граѓани ја имаат во Унијата. Ова го покажува последното истражување на Standard Eurobarometer, спроведено во периодот 5-19 ноември 2017 година. Интервјуирани биле 33.193 луѓе во државите-членки на Унијата, и во земјите што сакаат да станат членки.

Доверба во ЕУ имаат 57% од Бугарите, а со спротивно мнение се 29%. Пред нашиот источен сосед по ова прашање се само Литванците со 64%, наспроти 21%. Довербата во ЕУ е најниска во Грција – одвај 23%.

Бројот на државите-членки во кои повеќето анкетирани веруваат во ЕУ се зголемил од 15 во тек на пролетта 2017, до 18 сега.

Најголема доверба во ЕУ после Литванија и Бугарија има во Луксембург, во Финска, во Белгија, во Данска, во Шведска …, а најмала, покрај во Грција, има во Велика Британија, во Франција, во Италија, во Чешка, во Кипар, во Австрија …

Ситуацијата, пак, во националната економија, 74% од анкетираните Бугари ја оценуваат како лоша. Полошо во овој дел стојат само Хрватска и Грција, каде лоша состојба на своите државни економии перципираат 87%, односно 98%. Најпозитивна оценка по ова прашање има во Холандија, 91%.

За разлика од ова, според повеќето Бугари (61%) економијата на ЕУ е во добра состојба. За првпат од почетокот на економско-финансиската криза од 2007 година, и Европејците имаат позитивно мислење за тековната состојба на европската економија (48%), а помалку се тие што не мислат така (39%).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×