Евробарометар: Најмала доверба во полицијата имаат граѓаните на Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Граѓаните на Македонија имаат најмала доверба во полицијата меѓу сите членки на Европската унија и државите кандидати за членство, покажува истражувањето на Евробарометар.

Доверба во полицијата имаат 34% од Македонците, додека 61% не ѝ веруваат. Најголема доверба во полицијата имаат Финците со 95%, Данците со 93% и Швеѓаните со 87%.

По Македонија, најмала доверба во полицијата има во Словачка 43%, во Бугарија 44%, Црна Гора 47% и во Србија 48%.

Македонците имаат најмала доверба и во војската. Речиси 51% од испитаниците кажале дека имаат доверба во војската, а 41% немаат.

Најголема доверба и во националните армии повторно имаат Финците 95%, а потоа Данците и Французите со 88%.

Генерално во ЕУ, доверба во војската имаат 75% од граѓаните, 19% немаат доверба, а шест отсто се без став за ова прашање, покажуваат податоците на Евробарометар, што ги пренесуваат Ал џезира и Балтиктајмс.

Истражувањето на Евробарометар е спроведено во мај годинава и се направени споредби со истражувањето од ноември лани, период во кој се случија повеќе настани на политичката сцена во Македонија. Кај граѓаните на Македонија, поради политичката криза и насилствата во Собранието на 27 април е забележан значителен пад на довербата во полицијата за седум отсто, додека довербата во војската паднала за два проценти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×