Еврогрупата ќе разговара за буџетскиот капацитет на еврозоната
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Министрите за финансии на земјите членки на еврозоната денеска во рамки на Европгрупата ќе разговараат за економската состојба во ЕУ и за идниот буџетски капацитет на еврозоната, тие потоа ќе се состанат со останатите министри од ЕУ кои не се дел од еврозоната, но без Британија, јави дописничката на МИА од Брисел.
eurogroup-greece1-1024x576Деветнаесетте министри за финансии на еврозоната попладнево прво ќе разговараат за економската состојба во нивните земји, врз основа на последните економски предвидувања на Европската Комисија. На почетокот на мај, таа најави дека очекува забавување на економскиот раст во текот на оваа година.
По ова, ќе се придружат останатите министри за финансии од ЕУ кои не се членки на еврозоната, но без британскиот министер, за да разговараат за идниот буџетски капацитет на еврозоната.
Земјите членки треба до крајот на јуни да изготват детален план за буџетскиот капацитет, но сѐ уште постојат несогласувања, меѓу другото во делот на расходите и на управувањето.
Министрите денеска планираат да дебатираат за финансирањето на овој буџет, тема околу која исто така постојат несогласувања меѓу земјите. Од една страна Берлин и Париз размислуваат за нови извори на финансирање на буџетот како на пример данок врз финансиските трансакции, нешто што е неприфатливо за земји како Холандија.
Иако се очекува да се отвори темата за износот на овој иден буџет, нема да има конкретни предлози денеска. Оваа дискусија е оставена за понатаму, во рамки на дебатите за повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ по 2020 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×