Eврогрупата постигна договор. Грција ќе добие уште 10,3 милијарди евра за да не банкротира
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Атина ќе прими 10,3 милијарди евра следните месеци со цел повторно да не банкротира. Министрите за финансии на еврозоната во средата рано наутро во Брисел постигнале договор кој ќе и овозможи на Грција пристап до нови пари во рамки на третиот програм за помош, додека истовремено се утврдуваат мерките олеснување на должничкиот терет на земјата.

Со договорот постигнат по 11 часови преговори ќе се овозможи Грција да добие 10,3 милијарди евра следните месеци, пари кои и се неопходни на земјата да на банкротира.

Grcija izvozАтина може да ја очекува првата транша на помошта од 7,5 милијарди евра во јуни.

Грција само во јули годинава треба да отплати 3 милијарди евра од долгот. Останатите пари ќе бидат исплатени кон крајот на летото, под услов Атина да ги спроведе ветените реформи, во областа на приватизацијата, управувањето со банките и енергетиката.
Договорот постигнат денеска вклучува краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки кои треба да овозможат Атина да може да ги плаќа своите долгови. Според овој договор, земјите од еврозоната се согласни да и ги отпишат долговите на Атина во 2018 година, ако тоа биде потребно за да се олесни должничкиот терет на земјата.

Пред одржувањето на состанокот на министрите за финансии од Еврогрупата, грчкиот Парламент донесе пакет мерки за штедење, меѓу кои контроверзната реформа на пензискиот систем и зголемување на повеќе даноци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×