Евроизбори: Голем одзив и јакнење на екстремно десните партии
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Изборите за Европскиот парламент, кои во повеќето европски држави беа одржани вчера, покажаа јакнење на вербата на граѓаните во демократскиот процес, изразено преку поголемата излезност, но и подобри резултати на екстремните и популистичките партии, иако под очекувањата од пред изборите.

EPelex_1Според проекциите за идниот состав на Европарламентот, направени врз основа на делумните резултати од државите членки, два најсилни партии остануваат Европската народна партија со 178 мандати (38 помалку од досега) и социјалистите со 153 пратеници (34 помалку отколку во досегашниот состав).

Либералите (АЛДЕ) се трета политичка сила, кои заедно со пратениците од листата на францускиот претседател Емануел Макрон имаат 109 мандати (40 повеќе од досега). Зелените добија 64 мандати, односно 12 повеќе од досега. Францускиот претседател Емануел Макрон, еден од најголемите поддржувачи на продолжување на европскиот проект, загуби во дуелот со екстреманата десница на Марин ле Пен. Ултрадесничарите од Национален собир на Ле Пен победија со мала предност пред партијата на Макрон добивајќи 23,5 отсто гласови наспроти 22,5% на партијата на Макрон.

На изборите излегоа повеќе од 51 отсто од гласачите во ЕУ, што е најмногу од првите директни избори во 1979 година, кога одзивот беше речиси 62 отсто и оттогаш е во опаѓање. Пред пет години на гласачките места излегоа само 42, 61 отсто од Европејците со право на глас.

Резултатите од изборите покажуваат дека пратениците од редовите на ЕПП и социјалистите, кои во претходниот состав можеа да формираат мнозинство во Европарламентот каде има 751 пратеник, значи дека Манфред Вебер, водечки кандидат на ЕПП за претседател на Европската комисија, веќе не е главен кандидат за таа функција. За мнозинство се неопходни 376 мандати, што значи дека на ЕПП и социјалистите им се потребни либералите за да имаат убедливо мнозинство од 440 пратеници.

Евроскептичните партии, иако имаат подобар резултат отколку на претходните избори, не ги оставрија резултатите на кои се надеваа и кои ги најавуваа пред изборите. Неизвесно е дали меѓусебно ќе соработуваат и дали ќе ги задоволат критериумите за формирање нова пратеничка група, за што се потребни најмалку 25 пратеници од најмалку седум земји членки.

Трите најголеми популистички и крајно десни групации можат да сметаат на најмалку 172 мандати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×