Еврокомесарката Булц ја пушти во употреба првата станица за полнење на електрични автомобили во Скопје
Објавено на од во Економија

eCharger 0Станицата за полнење електрични возила официјално беше пуштена во употреба во „Парк хотел и спа“. На настанот присуствуваше еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, која во хотелот пристигна со своето електрично возило и беше првата што го употреби новиот полнач.

Со оваа инвестиција Скопје се приклучува на платформата „Едисон“ (eco driving innovating solutions and network), преку која се очекува електрификација на автопатиштата во регионот. Проектот „Едисон“ се промовираше во рамките на „Самит 100“ за бизнис-лидери на Југоисточна Европа.

„Токму затоа е формиран проектот ‘Едисон’, кој здружува 50 компании, универзитети и институти во Словенија, а сега се проширува и низ цела Југоисточна Европа преку концептот ‘Едисон е-сити’, со лансирање инфраструктура на полначи за електрични зелени возила, зелени такси. Сакаме да ја поттикнеме и индустријата и производството да го искористи ‘Едисон’ за нови иновативни решенија и зелен коридор од Љубљана до Скопје, Приштина и до Тирана во должина од 1.400 километри“ – изјави координаторот на проектот „Едисон“, Изток Селјак.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×