Еврокомесарот Хан наредниот месец доаѓа во Македонија: Се одмрзнува ли Високиот дијалог?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

За еден месец од денес, на 20 февруари во Македонија ќе пристигне европскиот комесар за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан, а ова ќе му биде прва официјална посета на земјава откако во ноември минатата година ја презеде функцијата.

Посетата на Хан ја најави порпаролката на европската комисија, Маја Коцијанчич, која не даде повеќе детали околу неговото доаѓање во Македонија. Таа само ја потврди посетата и најави дека Хан ќе се сретне со државниот врв и лидерите на политичките партии и ќе се запознае со оние со кои до сега не се сретнал.

Дали Хан ќе понуди нова агенда околу замрзнатиот Висок дијалог останува да се види. Само за потсетување минатата година воопшто не се одржа средба околу дијалогот поради политичката криза во која се наоѓа земјава, а која започна на крајот од 2012 кога на 24 декември опозицијата беше исфрлена од Собранието.

Инаку со дијалог, ЕУ во соработка со македонската влада создава агенда со цели  кои треба да се постигнат во текот на годината. Тие се од областа судство, јавна администрација, слобода на медиуми и пазарна економија, односно областите во кои Македонија со години добива најголеми критики.

Иако високиот дијалог не преставува паралелно преговарање со Брисел, сепак европските претставници сметаат дека со него значајно се намалува времето на официјалните преговори, кое пак во просек трае седум години.

За време на посетата се претпоставува дека ќе стане збор и за грчко- македонскиот спор околу името, за кое, по доаѓањето на функција, Хан рече дека лично ќе се ангажира за негово надминување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×