Еврокомисијата предложи создавање европски фонд за одбрана  
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската комисија предложи создавање европски фонд за одбрана. Предлогот се однесува и на други активности за помош за поефективно користење на средствата, издвојувани од државите од Европската унија за заеднички одбранбени способности.

„ЕК повика за инвестиции во заедничка изработка на одбранбени технологии и опрема од стратешко значење. Тоа ги вклучува копнените, воздушните, поморските и вселенските способности, како и кибербезбедноста. Доколку Европа не се погрижи за сопствената безбедност, никој нема да го стори тоа наместо неа“, изјави во врска со предлогот, претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.

Фондот ќе го опфати и планот „Научно истражување“ за финансирање на заеднички проекти во областа на новите одбранбени технологии (електроника, криптиран софтвер или роботи).

Комисијата предложи 25 милиони евра за истражувања во областа на одбраната во буџетот на ЕУ за следната година и очекува доставените средства да достигнат вкупно 90 милиони евра до 2020 година.

По 2020 година ЕК планира да предложи адаптирана програма за научни истражувања во областа на одбраната со буџет од околу 500 милиони евра годишно.

Предлогот на ЕК предвидува државите од ЕУ да купуваат одредени системи заедно, за да ги намалат одбранбените трошоци. Државите заедно можат да купуваат дронови или хеликоптери на големо за да добијат пониска цена. Предвидено е буџетот во таа насока да биде околу пет милијарди евра годишно.

Предлогот ќе биде разгледан на седницата на Европскиот совет на 15 и 16 декември.

Јункер нагласи дека Европа не може повеќе да си дозволи да ја користи воената моќ на другите или „да ја остави Франција сама да ја заштитува честа на Мали“.

За да имаме силна европска одбрана, европската одбранбена индустрија треба да се стреми кон иновации, додаде тој.

ЕК нагласи дека изминатите децении државите од ЕУ ги намалиле трошоците за одбраната за околу 12%.

Според пресметките на ЕК недостигот од соработка меѓу земјите од ЕУ во областа на одбраната и безбедоста чини меѓу 25 милијарди и сто милијарди евра годишно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×