Европа АД Скопје е првиот домашен овластен економски оператор
Објавено на од во Економија

Во процес е издавање на уште три одобренија за ОЕО, а десетина други компании најавиле поднесување на барања.

DSC_9083

Компанијата Европа АД Скопје е првиот сертифициран економски оператор. Сертификатот за ОЕО, на директорката на Европа АД Скопје, Марика Караџова, и го доделија премиерот Зоран Заев и директорот на Царинска управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски.

„Овластениот економски оператор претставува нов концепт и модернизација на царинското и надворешно-трговското работење кој произлегува како реформа од Берлинскиот процес и Протоколот 5 од ЦЕФТА и  вклучување на македонските компании во регионалните и глобални синџири на снабдување. Со овие интеграциски процеси доаѓа до силно јакнење на регионалната економија, токму преку концепти како што се овластениот економски оператор, заеднички царински и гранични контроли, заеднички профили за анализа на ризик и размена на информации. Поседувањето на сертификат за овластен економски оператор за компаниите ќе значи дека ги исполнуваат економските и безбедносните стандарди за вршење на надворешна трговија“, порача премиерот Заев во своето обраќање..

Директорот на Царинската управа посочи дека освен АД Европа во процес е издавање на уште три одобренија за ОЕО, а десетина други компании најавиле поднесување на барања.

„Со добивање на статус на ОЕО македонските компании покрај поволностите во царинското подрачје на Република Македонија, ќе може да ги добијат истите поволности во сите ЦЕФТА страни, односно можност за поголемо користење на поедноставените царински постапки, приоритетен третман при спроведување на царинските контроли, намален број на физички и документарни контроли од царинските органи, избор на местото за контрола како и други директни и индиректни поволности. Сето ова треба да придонесе за намалување на времето на царинење на стоките, намалување на трошоците за увоз и извоз, зголемување на конкурентноста и поголема интеграција на македонските компании на регионалните и европските пазари. Тоа треба да придонесе за зголемување на нивната професионалност, претприемачки дух и финансиски капацитети“, нагласи директорот Танасоски.

Тој, исто така, додаде дека со новиот систем за електронска обработка на царински декларации ќе се воведе концептот на дигитална царина, со што ќе се отворат нови потенцијали за поволно царинско окружување и раст на производството, извозот и инвестициите.

2KK_7903m

Марика Караџова, директор на Европа АД: „Сертификатот ќе биде своевиден ‘џокер во ракавот’ за освојување нови купувачи.“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„За нас коишто се јавуваме во улогата и на увозник, и на производител и на извозник, сертификатот за овластен економски оператор, меѓународно признат и сe’ повеќе користен во земјите на ЕУ и ЦЕФТА, е гаранција дека нашите производи се безбедни и сигурни и дека ние во целокупниот процес на производство строго се придржуваме кон бараните стандарди и процедури“, истакна директорката на АД Европа, Марика Караџова во неодамнешното интервју за Капитал.

Според неа сертификатот ќе биде своевиден „џокер во ракавот“ за освојување на нови купувачи.
„Имателот на АЕО-С е меѓународно признат економски оператор кој ги има превземено сите потребни мерки за заштита на своето работење и со тоа е сигурен учесник во меѓународниот трговски синџир на снабдување како од државните така и од деловните партнери. Статусот АЕО-С е една од најголемите сигурносни иницијативи во целиот свет и привлекува огромно внимание. ‘Европа’ е пионер во овој процес, прва македонска производна компанија која го препозна значењето на овој сертификат кој со себе носи многу строги правила и процедури но и големи бенефити кои ние планираме да ги искористиме во целост.“, рече Караџова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×