Европа и САД се на работ на трговска војна
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

Republican presidential nominee Donald Trump speaks at a campaign rally in HendersonПромена на корпоративниот даночен систем беше едно од клучните ветувања на Трамп

ЕУ може да почне процес во СТО против планираните протекционистички мерки од САД. Предложената реформа на корпоративниот даночен систем, најавена во кампањата на Трамп, е сѐ уште во ран стадиум, но нејзиното прифаќање нема да биде лесно. За многу од републиканските конгресмени и сенатори „црвената линија“ за воведувањето царини е запазувањето на правилата на СТО. Но, и покрај тоа клучните играчи ја поддржуваат, а претседателот Трамп неколкукратно објавуваше дека СТО ја смета за „катастрофа“ 

 

Европската унија се подготвува да почне трговски спор со САД што може да се претвори во најголем предизвик во историјата не само на Светската трговска организација (СТО), туку и на системот на светската трговија изграден по Втората светска војна. Причината за тоа е подготвуваната од страна на американските републикански конгресмени реформа на корпоративниот даночен систем на државата, со која се планира израмнување на граничните дисбаланси.

Во практика ова ќе значи воведување на увозни царини во САД, како и ослободување од даноци на приходите од извозот на американските компании, пишува Financial Times. Реформата е дел од пакетот мерки за зголемување на приходите во буџетот на САД, и истовременото намалување на даноците планирано од републиканците и од американскиот претседател Доналд Трамп.

Employees of German car manufacturer Mercedes Benz make final adjustments at the end of the Mercedes A class (A-Klasse) production line at the factory in RastattНа суд или во војна

Според експертот за трговски договори на меѓународниот економски институт Peterson, Чад Баун, ако САД го загуби процесот за царините во Светската трговска организација, тоа може да доведе до одговор од Вашингтон со трговски мерки вредни 385 милијарди долари на годишно ниво. Ова е над 100 пати повеќе од вредноста на највисоката сума пресудена во трговски спор досега. А ако САД одлучат да не се потчинат на вакво решение, тоа може да доведе до потенцијален распад на светскиот систем за слободна трговија и да предизвика редица трговски војни.

Првите реакции на еден од најголемите трговски партнери на САД не задоцнија – вицепретседателот на Европската комисија за прашањата на европската трговска политика, Јурки Катаинен, изјави за Financial Times дека потенцијална трговска војна меѓу САД и ЕУ може да има „разурнувачко дејство“ за светската економија, но и предупреди дека при непочитување на меѓународните трговски правила, ЕУ ќе си ги бара правата во СТО.

Увозниците против извозниците

Предлогот на републиканските сенатори водени од Пол Рајан веќе предизвика лобистички борби. Од една страна се компании што се нето извозници, како Boeing, General Electric, Dow Chemical Co., Eli Lilly, и Pfizer, а од друга страна се увозниците како корпорацијата на браќата Кох и синџирот супермаркети WalMart. Првите ќе добијат подобри услови за конкуренција во странство, но вторите ќе почувствуваат скок во расходите за увоз на производи и суровини. Ако реформата во даночниот систем се случи, WalMart – најголемиот синџир од супермаркети во државата и во светот, ќе треба да плаќа повеќе за увозот, а дополнителните расходи веројатно ќе им бидат префрлени на потрошувачите. Според Boston Globe, неодамна група на мали трговци и продавачи на автомобили почнале кампања под името „Америка за производи по достапни цени“, што ги информира нивните клиенти за ефектите од преложената даночна реформа.

Промената на корпоративниот даночен систем беше едно од клучните ветувања на Трамп. Неодамна претседателот на САД, на средба со директори на авиокомпании, вети дека ќе претстави „феноменален план“ за реформа, без да даде детали, освен дека постои неопходност да се ослаби товарот на компаниите.

17ttip-glynthomas WEBБитката допрва почнува

Предложената реформа на корпоративниот даночен систем е сѐ уште во ран стадиум, но нејзиното прифаќање нема да биде лесно. И покрај тоа што во сенатот доминираат претставници на Републиканската партија, барем три од нив изразувале негативно мнение кон реформата, а партијата има мало мнозинство. Според Financial Times дури за многу од републиканските конгресмени и сенатори „црвената линија“ за воведувањето царини е запазувањето на правилата на СТО. Но, и покрај тоа клучните играчи ја поддржуваат – претседателот Трамп неколкукратно објавуваше дека ја смета за „катастрофа“ СТО.

Раководителот на претседателската Национална комисија за трговија, Питер Наваро, изјави во интервју за Financial Times, дека сегашните правила на СТО ги поставуваат во губитничка позиција државите со даночен систем како оној на САД. Врз високиот корпоративен данок во САД, што ги турка инвестициите кон надвор, се наметнува и нееднаков третман на даночниот систем на земјата во СТО. СТО оперира оданочувајќи ги пред сѐ директните приходи, а сите трговски партнери на Америка сметаат на индиректно оданочување – даноците на потрошувачката – како ДДВ. Така трговските партери создаваат ефективни искривувања, што го блокираат американскиот извоз, а во исто време даваат „субвенции за увозот“ во САД.

Според сегашните правила на СТО евентуалните промени во САД ќе противречат на два основоположнички принципи на организацијата- дека државите-членки не можат да дискриминираат во однос на увозни производи и не можат да го субвенционираат сопствениот извоз.

 

 

 

 

\

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×