Европа може да здивне
Објавено на од во Профил

57950001-1 WEBХоланѓаните го запреа „популизмот од лош ков“

„Победа над популизмот од лош ков“ – така либералниот холандски премиер, Марк Руте, ја нарече победата над крајниот десничар, Герт Вилдерс, на парламентарните избори во Холандија. По Брегзит и победата на Трамп сите очи беа свртени кон Вилдерс, на чиј резултат се гледаше како на барометар за растот на популизмот во Европа, на помалку од 40 дена од француските претседателски избори, и пред германските парламентарни избори наесен

 

Според над 90% преброени гласови (до затворањето на овој текст), либералната Народна партија за слобода и демократија на премиерот Марк Руте освои 33 места од 150 во долниот дом на холандскиот парламент.

Ова е загуба од осум места во однос на претходните избори одржани во 2012 година, но е значајно (за холандски поим на фрагментирана политика) повеќе од резултатот на партијата на крајниот десничар Герт Вилдерс, која освои 20 места. Вилдерс на овие избори, во однос на претходните, освои пет пратеници повеќе.

Ваквите резултати се дефинитивно олеснување за Европа. Шефот на француската дипломатија, Жан Марк Еро, во Твитер порака им честиташе на Холанѓаните што „го поништиле растот на екстремната десница“. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го поздрави „гласањето за Европа, против екстремистите“.

Германската канцеларка Ангела Меркел телефонски му честиташе на Руте, соопшти на Твитер портпаролот на Меркел, Штефан Зајберт.

„Се радувам на продолжувањето на добрата соработка како пријатели, соседи и Европејци“, му рекла на Руте канцеларката.

57950001-1 WEB 01По Брегзит во Велика Британија и победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори, сите очи беа свртени кон Герт Вилдерс, чиј резултат се гледаше како барометар за растот на популизмот во Европа, на помалку од 40 дена од француските претседателски избори, и пред германските парламентарни избори наесен.

„По Брегзитот и по изборите во САД, Холандија му рече стоп на популизмот од лош ков“, рече насмеаниот Марк Руте пред преполната сала приврзаници во Хаг.

Во тек на кампањата одбележана со прашања на идентитетот, Руте, како и лидерите на некои од другите партии, сепак вклучија некои елементи што претходно беа резервирани за нивниот ривал Вилдерс, па така премиерот ги повика оние што не ги почитуваат холандските вредности да ја напуштат оваа земја со 17 милиони жители.

Место помалку во однос на крајно десната вилдерсова Партија за слобода, во долниот дом на холандскиот парламент освоија демохристијаните и „напредњаците“ Д66.

Вилдерс, сепак, изрази задоволство од својот резултат.

„Им благодарам на гласачите на Партијата за слобода. Освоивме повеќе места од претходно. Првата победа е остварена. Руте уште не ме симнал од својот врат“, напиша Герт Вилдерс на Твитер.

Во анкетите од пред неколку месеци пред изборите, крајната десница се покажуваше дека ќе добие дури 36 места.

Холандскиот пропорционален изборен систем е таков што мораат да се формираат коалиции за да се владее во така расцепканиот политички пејзаж, и формирањето на идната влада би можело да трае повеќе месеци. Досегашниот рекорд за формирање влада е 208 дена.

Излезноста на изборите одржани во средата беше голема, со 81% од 12,9 милиони избирачи, според институтот Ipsos. На претходните избори во 2010 и 2012 година, излезноста беше 74,6%, односно 75,3%.

Резултатите на овие избори се броеја рачно поради страв од сајбер напади.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×