Европа привремено ги замрзнува финансиите за Турција поради илегалното дупчење на Кипар
Објавено на од во Политика
Европската унија на одредено време ќе ги прекине разговорите на високо ниво со Анкара, како и преговорите за договорот за воздушен сообраќај, а ќе ги замрзне и финансиските средства наменети за Турција за следната година, поради „илегалното“ дупчење на морското дно во потрага за гас и нафта покрај брегот на Кипар.
turska dupchiТоа се наведува во предлог соопштението во кое имале увид западните медиуми, додавајќи дека за заедничката одлука на ЕУ, чија конечна одлука може да биде изменета во меѓувреме, денеска ќе расправаат земјите членки на Унијата на состанок во Брисел, со цел соопштението да биде усвоено в понеделник кога ќе се сретнат министрите за надворешни работи на државите од европскиот блок.
„Поради континуираните и нови илегални активности на Турција поврзани со дупчењето, ЕУ да ги суспендира преговорите за Сеопфатниот договор за воздушен сообраќај и се согласува одредено време да не одржува состаноци за дијалозите кои се водат на високо ниво“, пишува во соопштението.
Во него стои и дека „Советот (ЕУ) го поддржува предлогот на Европската комисија за намалување на предпристапната помош за Турција за 2020 година и ја повикува Европската инвестициска банка повторно да го разгледа давањето кредит за Турција, пред се кога станува збор за задолжување на турската држава на пазарот на хартии од вредност“.
Исто така, се наведува дека ЕУ ќе биде подготвена за воведување уште порестриктивни мерки доколку Турција продолжи со дупчењето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×