Европарламентот ја поддржа предлог-резолуцијата за Брегзит
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Европскиот парламент денеска ја поддржа предлог- резолуцијата за Брегзит, со која се овозможува одложување на излегувањето на Британците од ЕУ, но исто така истакна дека во отсуство на договор, Британците сепак ќе треба да ги исполнат своите финансиски обврски кон Европската унија.
brexit-1Европратениците со 544 гласови „за“ и 126 „против“ ја поддржаа предлог-резолуцијата, во која се истакнува дека во интерес и на Лондон и на Брисел да го спроведат Брегзит на уреден начин.
Европарламентот со реолуцијата поддржува одложување на Брегзит, но само ако се одржат општи избори или нов референдум, отповикување на Член 50 или да се прифати договорот за повлекување. Во отсуство на договор, не може да има преоден рок и не може да се постигнат „мини договори“ за да се ублажат последиците од напуштањето без договор.
Во резолуцијата се наведува и дека основните опции на Британците за таканаречен „бекстоп“, механизам за избегнување на враќање на тврдите граници на ирскиот остров, ќе останат исти без оглед на тоа кој ќе ја предводи владата во Лондон.
Европарламентот, исто така, потенцира дека „бекстоп“ има поддршка од повеќето партии во Парламентот на Северна Ирска, а неодамнешните анкети покажуваат дека повеќето жители од тој дел на Велика Британија го споделуваат истото мислење, пренесува Хина.
Во резолуцијата се нагласува дека неуредено излегувањез од ЕУ ќе биде во целост одговорност на британската влада и се наведува дека Брисел остро се спротивставува на суспензијата на британскиот парламент до 14 октомври.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×