Европарламентот ја усвои резолуцијата за Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европскиот парламент со 503 гласови за, 113 против и 45 воздржани ја усвои резолуцијата на словенечкиот европратеник Иво Вајгл, по извештајот за Република Македонија, изготвена од Европската комисија во 2016 година, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Европскиот парламент во резолуцијата го поздравува формирањето на новата Влада и апелира до сите политички партии да се обнови довербата во државата и во нејзините институции.

Европратениците, исто така, ја повикуваат новата Влада да ги продолжи напорите кон интеграција во Европската унија и кон целосна заложба за обемните реформи во областите на владеење на правото, правдата, корупцијата, основните права, добрососедските односи.

„Штом се постигне видлив прогрес во примената на договорот од Пржино и Итните реформски приоритети, Европскиот парламент ќе поддржи отворање на пристапните преговори на земјата со ЕУ“, стои во документот.

Осврнувајќи се на 2016 година, ЕП изразува жалење поради застојот во реформите во судството и поради политичкото мешање во назначувањето судии и обвинители.

Членовите на ЕП изразуваат загриженост и поради политичките напади и опструкции на работата на Специјалното јавно обвинителство.

Известувачот за Македонија, Иво Вајгл, истакна дека ЕП позитивно го нотира прогресот на Македонија кон членство во ЕУ. Новата Влада е посветена на важните реформи, што овозможи да се одржат транспарентни избори и надминување на долготрајната политичка криза.

„Македонија сега треба да го забрза процесот на усвојување на стандардите, вредностите и принципите на ЕУ, како и да придонесува за стабилноста на Западен Балкан“, рече Вајгл.

Резолуцијата претрпе мали промени, кои ја зедоа предвид еволуцијата на ситуацијата во Македонија, а вкупно беа поднесени 40 амандмани.

Гласањето на резолуцијата, по претходната расправа во февруари на Комитетот за надворешни работи и на пленарната сесија, беше одложувано неколкупати со оглед на политичката криза во Македонија. По изборот на претседател на Собранието и составувањето на новата Влада, Европскиот парламент одлучи резолуцијата подготвена од известувачот Иво Вајгл да ја стави на дневниот ред.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×