Европратениците Вајгл, Флекенштајн и Кукан во Скопје на КОСАП
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи 13. Конференција на Парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од југоисточна Европа – КОСАП. Гости говорници на конференцијата се и тројката европратеници – Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан.

Конференцијата има две сесии и тоа за Европските перспективи на Западен Балкан и владеењето на правото на Западен Балкан.

На отворањето ќе зборува претседателот на Собранието, Талат Џафери, а како гости говорници на сесиите покрај тројцата европратеници се најавени и евроамбасадорот Самуел Жбогар, амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, како и министрите за надворешни и за правда на Македонија, Никола Димитров и Билен Салији.

Организатор е собраниската Комисија за европски прашања. Претседателот на Комисијата, Артан Груби, вели дека конференцијата се прави во периодот помеѓу објавувањето на Стратегијата за Западен Балкан на ЕК, по посетата на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер на Македонија, за да се направи еден вид притисок за Македонија да добие позитивен извештај за напредокот и чиста препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.

На конференцијата најавено е учество на 190 партиципанти од Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Турција, Црна Гора и Косово, како и Бугарија, која е актуелен претседавач. Поканети се и претставници на академската заедница во Македонија, четириесетина граѓански организации, како и дипломатскиот кор.

Како што е најавено, на крајот на конференцијата ќе биде усвоена заедничка изјава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×