Европска енергетска заедница: Гасоводот „Турски тек“ е исклучиво политички проект
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Гасоводот што Русија планира да го гради преку Турција, токму како и пропаднатиот проект „Јужен тек“, е исклучиво политички проект од кој на крајот никој нема да има финансиска полза, оцени Јанез Копач, директор на Европската Енергетската заедница, во интервјуто за сараевскиот весник „Ослобоѓење“.

„Русија и “Јужен тек” и овој турски тек го планираше исклучиво заради геополитички интереси, а не економски. Тие проекти се многу поскапи од употребата на постоечките гасоводи и ќе резултираат со многу поскап гас. Таа инвестиција некој мора да ја плати, а тоа се потрошувачите“, предупреди Копач.

Тој додаде дека гасоводот преку Турција ќе биде доволен за транспорт на околу 15 милијарди кубни метри, а токму тоа количество гас е она што Турција сега го купува од Русија.

Русија едноставно дел од гасот што сега го транспортира преку Украина, ќе го префрли на мрежата преку Турција, ја појаснува Копач руската стратегија.

„Русија го користи гасот како оружје и тоа е неприфатливо. Гасот е комерцијално добро, тие го продаваат како комерцијално добро и доколку ја вплетуваат геополитиката во него, нема да биде добро за никого, па ни за Русите“, ги коментира Копач постојаните руски закани дека „ќе го затворат вентилот“ на гасот за Европа.

Копач повтори дека Енергетската заедница силно ја поддржува изградбата на алтернативни гасни делници, при што за овој регион е најважен Трансјадранскиот гасовод(ТАП) и терминал за течен гас на островот Крк.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×