Европската комисија бара јавен пристап до податоците на мултинационалните компании
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европскиот комесар за финансии Пјер Московиќ рече дека Европската комисија во април ќе предложи финансиските податоци на мултинационалните компании во секоја земја од Унијата да станат достапни за јавноста, јавија светските медиуми.

„Секоја мултинационална компанија треба да ги објавува своите активности, своите резултати, своите финансиски и сметководствени податоци во секој поединечна земја“, рече Московиќ.

Тој рече дека Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) одреди норма која Унијата ќе ја преслика на нивно на Европа, а тоа е дека сметководствените и финансиските податоци да бидат достапни на фискалните управи во поединечните земји од ЕУ, што сега не е случај.

Што се однесува до пристапот до тие податоци за обичните граѓани на ЕУ, Московиќ рече дека „не е прашање дали тоа ќе се случи, туку кога“.

„И граѓаните треба да можат да ги видат тие податоци, јас тоа го поддржувам“, вели тој.

Комисијата во моментот прави студија за тоа какви последици би имало откривањето на финансиските резултати на мултинационалните компании пред јавноста, а заклучоците ќе бидат готови во март.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×