Европската комисија бара проширувањето да остане приоритет на ЕУ
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Европската комисија денеска ги презентираше своите препораки за тоа кои треба да бидат приоритетите на следниот состав на европската извршна власт, оценувајќи дека проширувањето кон Западниот Балкан не треба да се запостави.
EU-CommissionВо пресрет на средбата на 27-те земји членки на ЕУ во романскиот град Сибиу на 9 мај, Европската комисија ги објави своите препораки за политиките кои смета дека треба да бидат приоритет за ЕУ со оглед на сѐ поголемата глобална неизвесност.
„Должност на секоја генерација е да ја смени судбината на Европејците на подобро, за да го исполниме нашето ветување за мир, напред и просперитет“, изјави претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер,.
Документот насловен „Придонесот на Европската Комисија за стратешката агенда на ЕУ 2019-2024“ ги набројува клучните домени во кои Комисијата смета дека идниот состав треба да започне или да продолжи со работа, како и начинот на кој треба да се комуницира за Европската Унија со европските граѓани.
Иако од вкупно 82 страници, само неколку редови му се посветени проширувањето, тоа не изостана од овој стратешки документ, во кој Комисијата потсетува дека Европската Унија мора да ја зајакне својата положба во светот за да може да ги гарантира своите вредности, безбедност и просперитет.
„За ЕУ исто така треба да биде приоритет развојот на силни врски со блиските соседи, базирани врз јасен баланс на права и обврски. Ова подразбира поддршка за трансформацијата на Западниот Балкан преку кредибилна политика на проширување, во која ЕУ мора да си ги исполни ветувањата“, стои во документот.
Европската комисија потсетува дека во овој состав се обновени напорите кон регионот на Западниот Балкан, меѓу другото преку стратегијата за регионот од 2018 година, чија цел е да покаже дека процесот на проширување е „цврст и кредибилен“.
Европската Унија треба да биде водечка сила во светот преку залагање за мултилатерален систем базиран на правила и да ги промовира своите темелни вредности – човековите права, владеењето на правото, одржливиот развој и почитување на меѓународното хуманитарно право.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×