Европската Комисија денеска ќе претстави предлог за проширување на еврозоната
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС

EU enlargment
Се очекува денеска Европската комисија (ЕК) да поднесе предлог за продлабочување на економската и монетарна унија, пишува Франспрес.

Европската комисија се обидува да го направи усвојувањето на еврото попривлечно за членките на Европската унија, кои се надвор од монетарната унија, соопшти минатата недела комесарот за економски и монетарни прашања, Пјер Московичи, цитиран од агенцијата Ројтерс.

Предлозите ќе бидат во проект за иднината на еврозоната, кој е дел од поширок план, инициран од страна на Европската комисија во врска со тоа како да биде реформирана Унијата по „Брегзит“ и во позадина на евроскептичните ставови.

„Ќе се обидеме да подготвиме рамка која е доволно привлечна, која е како, како што велат во филмовите, понуда на која не можете да одолеете“, одговори Московичи на прашање од новинарите за детали за неговите предлози за „довршување на Економско монетарна унија до 2025-та година“.

Земјите од ЕУ, со исклучок на Велика Британија и Данска, се должни да го воведат еврото, но нема краен рок за тоа, пишува Ројтерс.
Јавното мислење во земјите надвор од еврозоната многу често е против пристапувањето кон единствената валута еврото.

Во Полска 57% од анкетираните се против еврото, покажуваат податоците од Евробарометарот објавени во декември.

Противењето е силно и во Велика Британија, Чешка, Шведска, Данска и Бугарија, додека Унгарците, Хрватите и Романците во најголем дел се порасположени кон монетарната унија, пишува Ројтерс.

Московичи, кој зборуваше на форумот на Европскиот бизнис во Брисел предупреди за „бунт“ во еврозоната поради економските разлики меѓу југот и северот, кои Еврокомисијата сака да ги надмине.

Полска ќе почне да дебатира дали да се приклучи кон еврозоната кога едвај блокот стана стабилна и транспарентна единица. Тоа, рече, исто така минатата недела, на форум посветен на инвестициите во Централна и Источна Европа, полскиот заменик-министер за надворешни работи Конрад Шимански задолжен за европски прашања.

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка, сепак, рече дека неговата земја треба да одреди датум за усвојување на еврото и има „амбиција да припаѓа на развиените европски земји“.

На истиот форум Кшишоф Шчерски, виш советник на полскиот претседател Анџеј Дуда, коментира дека ако да бидеш во групата со најмногу брзина во Европа се бара истовремено пристапување во Шенген простор, еврозоната и учество во разговорите за нова политика на безбедноста во блокот, тоа само Словачка и Словенија би ги исполнувале сите критериуми.

Според него Романија, Бугарија, Хрватска, Полска, Чешка и Унгарија, како и балтичките земји, од различни причини, би останале надвор.

Коментарите на Шчерски се додаваат кон загриженоста на изразување на истокот во ЕУ, во врска со идејата за „Европа на брзини“, која има се поголема поддршка во Германија, Франција и други земји членки, откако Велика Британија одлучи да го напушти блокот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×