Европската комисија може да побара милијарди евра доноци од Apple
Објавено на од во hi-tech & business

Apple може да биде уште една американска компанија за која Европската комисија ќе истражува дали затајува(ла) данок. Според Financial Times, ЕК може да ја обвини Apple за злоупотреба на Ирска како главно сметководствено место за скоро целиот свој бизнис во Европа, со што значајно се намалува корпоративниот данок.

Според JPMorgan, може да се работи за дури 17 милијарди евра. Обвинувањето на EK e дека Ирска и Apple имаат договор што ѝ дава на компанијата дополнителни привилегии.

„Важно е сите да разберат, дека обвинувањата се оти Ирска ни овозможила специјален договор. Ирска веќе го одрече ова“, изјави првиот човек на Apple, Тим Кук, за Washington Post.

Во одбрана на Apple стои американската власт преку Министерството за финансии, од каде беше објавен официјален одговор во кој двете страни се повикуваат да се договорат што е најдобро за нив во духот на меѓународната даночна соработка.

Една од целите на иституцијата е да го мотивира Apple да ги врати во САД милијардите што ги има во својата ирска подружница. Apple е против тоа во сегашните даночни услови.

„Рековме дека 40% се многу и нема да ги вратиме парите во САД дури нема фер услови“, искоментира Кук.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×