Европската комисија нема план Б ако Британија излезе од ЕУ 
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската комисија нема план Б ако Британците гласаат за излегување од Европската унија, изјави еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси.

„Денот во кој ќе почнеме да зборуваме за план Б, е денот кога веќе нема да веруваме во нашиот план А. Јас имам само еден план. Обединетото Кралство во обединета Европа“, изјави тој во интервју за „Франс 5“.

По тешки преговори во петокот Велика Британија и европските држави се сложија за условите за Лондон да остане во ЕУ. Со договорот на Британија ѝ се дава право да ја запре социјалната помош за имигранти во ЕУ за седум години, и да го регулира размерот на детскиот додаток, во смисла, ако Романец работи во Обединетото Кралство, а неговото дете живее во Романија, тоа да добива додаток како и другите деца во Романија. Британија ќе може да ги ограничува и социјалните давачки за имигрантите кои работат, но имаат ниски приходи.

Референдумот на кој Британците ќе одлучат дали се за останување во ЕУ ќе се спроведе на 23 јуни. Владата ќе поддржи останување во ЕУ, но министрите имаат право да учествуваат во кампањата за напуштање на Унијата. Премиерот Дејвид Камерон рече дека е горд што на средбата со ЕУ постигнал „специјален статус за Велика Британија“ и го оцени изјаснувањето на референдумот како „најважно што Британците ќе го имаат во животот“.

Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, набрзо по оваа изјава на Камерон, објави дека ќе агитира за излегување од ЕУ, поради незадоволство од постигнатиот договор.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×