Европскиот Бизнис паѓа жртва за односите на ЕУ со САД и Кина
Објавено на од во Економија
Податоците на Еуростат покажуваат дека за првите седум месеци од годината трговскиот суфицит на државите од ЕУ во трговската размена со САД изнесуваше 80 милијарди долари за истиот период во 2018, и до 90,9 милијарди долари оваа година, но исто така и трговскиот дефицит во трговија во Кина се покачил со 10,6 милијарди евра стигајќи до 109,2 милијарди евра.
EU-threatens-trade-war-with-US-as-furious-Trump-brands-bloc-unfair-911597Што се однесува до тровијата на ЕУ со целиот свет исто така, се забележува дефицит од 10,2 милијарди евра за предметниот период, што е за пет пати повеќе од претходната година, што од информациите на „Евростат“ објаснува дека во голема мерка тоа се должи на увозот на енергенси од Русија и Норвешка.
Но, дури и да се апстрахираме од трговскиот дефицит со овие две држави, гледано во контекст на глобалните гео-економски феномени, податоците од европската статистика можат да значат и голема слабост на бизнисот на стариот континент.
Од една страна, позитивниот трговски биланс со CAД може да биде под закана, доколку американскиот претседател Доналд Трамп наметне царини за извозот на Европската Унија.
Според порталот Политико, тој потег е веќе сигурен повикувајќи се на свпои извори, четворица претставници во ЕК, откако СТО пресуди вои полза на САД, дека ЕУ премногу го субвенционирала авио-гигантот Ербас. Така, според очекувањата, најавени од порталот, царините се очекува да варираат од 5 до 10 милијарди евра и да опфаќаат широка гама на производи, од сирење до авиони на Ербас.
Дури и Европската унија да одговори со реципрочни царини – нешто што Брисел би го направил со сигурност, трговската војна само дополнително ќе ја влоши конкурентноста на локалната економија.
Покрај тоа, тоа ќе има негативно влијание врз куповната моќ на потрошувачите од двете страни на океанот, што може да доведе само до понатамошни одложувања за економиите во САД и ЕУ во контекст на намалените предвидувања за раст до крајот на годината, веќе намалени потрошувачки од домаќинства, понижено индустриско производство и дополнително квантитативни олеснувања (барем од Европската централна банка) и намалени камати.
Во исто време, европските компании веќе ја сфаќаат сериозно конкурентноста. Во рангирањето на 50-те најиновативни компании во светот, што споредува бизнисите според бројот на регистрирани патенти во 2017 година, највисоко рангирана европска компанија е Ериксон, но таа е само на 22-та позиција (првите десет се IBM, Samsung, LG, Intel, Canon, матична компанија на Google – Alphabet, Qualcomm, Toyota, Microsoft, Taiwan Semiconductor Manifacturing).
И, Европската унија прави малку за да ја подобри нивната застапеност на меѓународните пазари. Во некои области, како што е производството на автомобили, новите регулативи значително ги зголемуваат цените на производството за локалните компании. Според аналитичарот на oilprice.com, Ирина Слав, промените кон постојано зголемување на електромобилите во светло на еколошката регулатива доведе до единствен ефект, при што производствената цена на еден електромобил е околу 10 илјади. евра повеќе од конвенционалниот автомобил со мотор со внатрешно согорување.
Во позадина на растечкиот глобален пазар на автомобили, слични мерки ги прават локалните производители на автомобили релативно неконкурентни, вклучително и во областа на електромобилите, каде што европските брендови се соочуваат со сериозна конкуренција во лицето на Американкските, Тесла и General Electric.
Дури и со кинескиот пазар, со европски компании кои имаат дел од 53,3% од Европската асоцијација на производители на автомобили, Тесла веќе е пред нив, бидејќи на крајот на август, компанијата на Илон Маск успева да постигне договор за отфрчање на царините за некои од неговите модели во Кина.
Овде позитивната вест за европските производители е дека земјата наметнува давачка од 25% за вредноста на увезените американски автомобили. Извозот на автомобили е од стратешко значење за Европската Унија, затоа што податоците на Евростат покажуваат дека моторните возила се најмногу извезуван домашен производ во Кина, што е двојно поголемо од втората категорија на стоки остварени од нив (авиони и сродни техники).
Ваквата ситуацијата во европскиот бизнис почнува да изгледа помрачна. Стариот континент станува зона на сè поголеми регулативи кои искуствено ја намалуваат конкурентноста на водечките извозни индустрии. Односите со Соединетите држави се загрозени од трговската војна меѓу Вашингтон и Брисел, што дополнително ќе влијае на деловното опкружување во Европа, и не може воопшто да биде конкурентна предност во форма на ниски трошоци за производство за ЕУ ​​- тоа не е случај ниту со Кина, која веќе не само го полива остатокот од светот со сè повеќе производи, но исто така започна да ги произведува и главните категории на стоки што во моментот се увезуваат од Европа и Соединетите држави.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×