Европскиот фудбал стигна до приходи од 25 милијарди евра од сезона
Објавено на од во lifestyle

Приходите во европскиот фудбал достигнале 25 милијарди евра за сезоната 2015/16, покажува анализата на Deloitte. Од нив 15 милијарди се на сметката на петте најголеми првенства – на Англија, на Италија, на Германија, на Шпанија и на Франција.

За оваа „голема петорка“ ова е рекордно постигнување и покажува раст од 12%. Англиската Премиер лига останува уверливо на врвот со 4 милијарди евра, и таму растот е 9%. ehc

Главно се работи за приходи од телевизиски права. Трета година по ред заедничката оперативна добивка на клубовите од Премиер лигата е над 560 милиони евра. Има и голем скок кај парите за плати – станува збор за 12%, до 2,57 милијарди евра.

Во Премиер лигата се очекува значителен раст и за сезоната 2016/17, вели Ден Џонс од Deloitte. Ова како резултат на новиот договор за телевизиски права, склучените трговски договори од клубовите, како и зголемените приходи во деновите кога се одржуваат натпревари и новите стадиони.

Пресметките на Deloitte велат дека во следната анализа приходите на премиерлигашките клубови ќе бидат 5 милијарди евра.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×