Европскиот парламент препорача: Да им се дозволи нa лекарите да препишуваат канабис
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Според европарламентарците, легализацијата на медицински канабис ќе го ограничи црниот пазар, ќе го гарантира квалитетот и ќе донесе дополнителни приходи во јавните буџети.

mara

Европскиот парламент повика на поширока употреба на канабис за медицински цели во резолуција усвоена вчера во Стразбур.

Во неа пратениците инсистираат на тоа дека на лекарите треба да им се дозволи да препишуваат канабис на пациентите и дека цената на лекови од канабис треба да биде покриена од фондовите за здравствено осигурување.

Медицински канабис се користи за ублажување на болката кај пациенти со конгенитални болести, како и некои симптоми на мултиплекс склероза.

Според парламентот, има “убедливи или материјални докази дека канабисот и канабиноиди имаат терапевтски ефект” при лекување на хроничната болка кај возрасни, дејствуваат како антиеметично средство при лечење на гадење и повраќање предизвикани од хемотерапија и ги подобруваат симптомите на мускулни спазми кај мултиплекс склероза.

Пратениците сметаат дека истражувањата покажале ефикасност и за подобрување на апетитот на болни од СИДА, за олеснување на некои симптоми на психоза, Синдром на Турет, епилепсијата и Алцхајмерова болест, артритис, астма, Кронова болест и дури глауком.

Европарламентот прави разлика помеѓу медицинската употреба на активната супстанција во канабисот и пушењето како дрога, залагајќи се само за терапевтската примена при строги законски правила.

Наведувајќи дека во европските земји односот кон терапијата со канабис се разликува, европратениците бараат да се утврдат заедничките стандарди, а властите да воведат законски и финансиски можности за пошироката му употреба и истражување, како и да обучуваат лекарите и фармацевтите за лековитите својства на канабис.

Европратениците побараа “Европската комисија и земјите членки да направат повеќе истражувања и да стимулираат иновациите во однос на проекти поврзани со употребата на канабис за медицински цели”.

Според европарламентарците, легализацијата на медицински канабис ќе го ограничи црниот пазар, ќе го гарантира квалитетот и ќе донесе дополнителни приходи во јавните буџети.

Европската комисија смета дека нема надлежност да изработи заеднички стандарди или да го легализира медицинскиот канабис, бидејќи тоа е во моќта на властите на земјите-членки. Еврокомесарот  Вера Јоурова изјави дека ЕУ би можела да контролира користењето на лековите и да ја координира работата на фармацевтските агенции во одделните земји при нивното лиценцирање.

Јоурова соопшти дека над 40 милиони евра од европски проекти се наменети за изучување на терапевтски својства на канабисот и неговите состојки, и како проекти ќе бидат финансирани со програма “Хоризонт 2020″ и во текот на оваа и следната година.

Светската здравствена организација препорача во 2017 година соединение канабидиол (CBD) да не биде третирано како наркотично средство. Досега, ниту една европска земја не дозволила употреба или одгледување на канабис за медицински цели. Само една подготовка за третман на мултипла склероза е лиценцирана за употреба во 17 европски земји.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×