Европскиот совет усвои мерки во случај на Брегзит без договор
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Европскиот совет денеска усвои серија законски акти како дел од подготовките за непредвидени ситуации во случај на сценариото – Брегзит без договор.
evropski sovetВо изјавата објавена на веб-страницата на Европскиот совет се наведува дека целта на усвоените акти е да се ограничи најголемата штета што може да биде предизвикана од Брегзит во одредени сектори каде што може да предизвика нарушување за граѓаните или компаниите.
Меѓу усвоените мерки е правен акт кој предвидува обезбедување на социјални права на граѓаните на ЕУ во Велика Британија и Британците во членките на Унијата, кои уживаа слободно движење пред Брегзит
Европската Унија сака да обезбеди младите луѓе кои се дел од програмата Еразмус плус да ги завршат студиите и да продолжат да добиваат релевантни пари или грантови во случај на Брегзит без договор.
Според истиот акт, финансирањето се обезбедува во рамките на Програмата на ЕУ за мир и помирување во Северна Ирска и пограничниот регион на Ирска, како и програмата “INTERREG VA”.
Новите мерки, исто така, ќе помогнат да се намали влијанието на Брегзитот без договор за риболов, транспорт и извоз на стоки што може да ги користат и граѓанскиот и воениот сектор
Советот укажува дека овие мерки се привремени, ограничени и дека ЕУ едногласно ги усвои.
„Целта на мерките не е да се копираат целосните придобивки од членството во ЕУ или условите од кој било период на транзиција, како што е наведено во договорот за Брегзит. Во некои области, тие зависат од реципрочните процедури на Велика Британија – се вели во соопштението.
Мерките ќе стапат во сила еден ден по објавувањето на овој документ, а нивната примена ќе започне еден ден по Брегзит, во случај Лондон и Брисел да не постигнат договор.
.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×