Европските берзи скокаат откако Ципрас  се договори со европските лидери
Објавено на од во Економија
Индексот Stoxx Europe 600 порасна за 1,6% на 395 поени до пладне денеска, а португалскиот  индекс PSI 20  и францускиот CAC 40 за 2%.

Португалските и француските акции предводеа денеска на берзите во Европа откако Грција се договори со своите кредитори трасирајќи го патот кон нов пакет помош.

Индексот Stoxx Europe 600 порасна за 1,6% на 395 поени до пладне денеска, а португалскиот  индекс PSI 20  и францускиот CAC 40 за 2%. Сите индустрии чии што акции влегуваат во индексот Stoxx 600 пораснаа, со тоа што предводат банките.

После речиси 17 часа разговори во Брисел, Грција и лидерите од еврозоната се согласија на реформи потребни за да почнат официјални преговори околу третиот пакет на помош за грчката економија. Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги прифати европските барања за итна акција за да може неговата држава да добие 86 милијарди евра помош и да остане во еврозоната.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×