Европските бизнисмени по потегот на ЕЦБ: Падот на еврото ќе го направи европскиот извоз поконкурентен
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Поголем дел од европските бизнисмени го поздравуваат чекорот на Европската централна банка (ЕЦБ) да ја зголеми количината на пари во оптек со цел да го зголеми кредитирањето и потрошувачката. Како и што се проценуваше овој потег на ЕЦБ веќе влијае врз намалување на вредноста на еврото во однос на другите валути, како доларот, франакот, јуанот, што за европските бизнисмени е добро бидејќи ќе го поевтини европскиот извоз

“Ова е чекор во вистински правец. Сега треба да чекаме и да видиме како овој потег ќе делува”, вели Џое Хименес, извршен директор на швајцарската фармацевтска компанија Новартис. “Ова е еден дополнителен чекор кој ќе и помогне на Европа да излезе од слабиот раст, и да тргне кон повисок економски раст, нешто слично како што се случуваше и во САД. Мислам дека тоа ќе функционира и тука”, вели Хименез.

По одлуката на ЕЦБ трошоците за задолжување на европските влади паднаа на рекордно ниско ниво, еврото ослабе и вредноста на европските акции се зголеми.

Инфлацијата во еврозоната минатиот месец беше негативна, што е далеку под нивото кое ЕЦБ го проектираше од околу 2%, што предизвика стравови дека европската економија може да навлезе во дефлаторна спирала по пример на јапонската економија.

Руперт Штадлер, претседател на германскиот автомобилски гигант Ауди го поздрави падот на вредноста на еврото, бидејќи како што рече “тоа ќе го направи германскиот извоз поконкурентен, а инвестициите во САД поевтини”.
“Ова е голема можност за Ауди да расте во САД, и со сегашниот курс евро долар тоа е многу полесно”, изјави Штадлер.

One thought on “Европските бизнисмени по потегот на ЕЦБ: Падот на еврото ќе го направи европскиот извоз поконкурентен

  1. Сето ова преведено – до крај на 2016 година еврото ќе вреди пола од сега !

    (под претпоставка дека Кина, САД не преземат контра мерки)
    iPhone немат да чини 600 $ за кои менуваме 500 € = 30.750 ден. туку 600 $ за кои ќе ни требаат 1000 € = 61.500 ден.
    Според европска замисла ауди, мерцедес и шкода од иста класа би чинеле дупло помалу од хонда, крајслер би се отворале работни места итн.. сите очекувања, по примерот на САД со таа мала разлика што ЕУ не е САД да има сопствено прозиводство на нафта и нафтени деривати ниту Кина која е призводител на челик со преку 50 % учество во светско производство (споредбено ЕУ учествува со 10 %).
    Населението на ЕУ не е во состојба тие луксузи да си ги дозволи.
    На крајот богатите 1-2 % во ЕУ и нивните американски 'колеги' ќе станат екстремно богати, апсорбирајќи капиталот на Унијата, за сметка на сите останати граѓани.

Напиши одговор на Vasko Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×