Европските лидери договорија фонд колку целиот БДП на Италија
Објавено на од во COVER STORY

Главна фотка cМаратонски преговори во Брисел

После четири дена и четири ноќи состаноци и ефективни 90 часа преговарање, европските лидери коишто прв пат физички се сретнаа во Брисел после неколку месеци онлајн состаноци, конечно постигнаа договор за парите. Но, имајќи предвид дека вкупната сума што ја договорија, достигнува 1.824 милијарди евра, што е на пример колку целиот годишен бруто домашен производ (БДП) на Италија, значи дека упорноста на преговорите се исплатела. Од оваа сума, 750 милијарди евра ќе бидат искористени како Фонд за закрепнување на ЕУ од најголемата рецесија досега предизвикана од пандемијата од коронавирусот, и тоа 390 милијарди евра како грантови односно неповратна помош и уште 360 милијарди евра како заеми. Освен фондот за справување со последиците од Ковид 19, европските лидери конечно постигнаа договор и за новиот седумгодишен буџет на ЕУ до 2027 година, што ќе изнесува дури 1.074 милијарди евра.
После четири дена и четири ноќи состаноци и ефективни 90 часа преговарање, европските лидери коишто прв пат физички се сретнаа во Брисел после неколку месеци онлајн состаноци, конечно постигнаа договор за парите. Но, имајќи предвид дека вкупната сума што ја договорија, достигнува 1.824 милијарди евра, што е на пример колку целиот годишен бруто домашен производ (БДП) на Италија, значи дека упорноста на преговорите се исплатела.
Од оваа сума, 750 милијарди евра ќе бидат искористени како Фонд за закрепнување на ЕУ од најголемата рецесија досега предизвикана од пандемијата од коронавирусот, и тоа 390 милијарди евра како грантови односно неповратна помош и уште 360 милијарди евра како заеми.
Овој компромис меѓу сумите на вкупните грантови и заеми беше главната причина што со денови се кршеа копјата меѓу Германија и Франција од една страна, кои бараа дури 500 милијарди евра да се одвојат како неповратна помош за справување со најголемaта рецесија со која се соочува ЕУ во својата историја, и штедливата четворка, Австрија, Холандија, Шведска и Данска, од друга страна кои се спротивставуваа на големината на грантовите.

Дер Лајен Мишел

„Европа како целина сега има големи шанси да излезе посилна од кризата. Денес, направивме историски чекор со кој сите можеме да се гордееме.“, рече Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија, а претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, додаде дека првпат почитувањето на владеењето на правото е клучен критериум за трошење на буџетот. „И прв пат кога заеднички ги зајакнуваме нашите економии од криза“.

Овој фонд ќе биде обезбеден со заедничко задолжување на ЕУ на финансискиот пазар, со рок на отплата до 2058 година, а парите ќе си ги поделат 27-те земји членки.
Но освен фондот за справување со последиците од Ковид 19, европските лидери конечно постигнаа договор и за новиот седумгодишен буџет на ЕУ до 2027 година, што ќе изнесува дури 1.074 милијарди евра.
Претседавачот на овој маратонски совет, Шарл Мишел, заедно со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, по постигнувањето на договорот изјавија дека ова е голем чекор напред и вовед во подобра иднина за европското семејство.
„Преговаравме за пари. Но, се разбира, станува збор за многу повеќе од пари. Станува збор за работниците и семејствата, нивните работни места, нивното здравје и нивната благосостојба. Верувам дека овој договор ќе се смета за клучен момент на европскиот пат, но исто така ќе нè однесе во иднината. Всушност, за прв пат, за прв пат во европската историја, нашиот буџет ќе биде јасно поврзан со нашите климатски цели. Првпат почитувањето на владеењето на правото е клучен критериум за трошење на буџетот. И прв пат кога заеднички ги зајакнуваме нашите економии од криза“, изјави Шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет.
„Европа како целина сега има големи шанси да излезе посилна од кризата. Денес, направивме историски чекор со кој сите можеме да се гордееме. Но, останува уште еден важен чекор пред нас. Прво и најважно, сега треба да работиме со Европскиот парламент за да обезбедиме договор. Имаме многу работа пред нас, но вечерва е голем чекор напред кон закрепнување“, додаде Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија.

Makron -  Merkel

Ангела Меркел, канцеларката на Германија: „Грантовите што можеме да ги дадеме, но и гаранциите, се поврзани со реформите, натамошните случувања и двете главни задачи за иднината: 30% од парите се трошат за климатски прашања и исто така за дигитализација.“ Емануел Макрон, францускиот претседател рече дека „овој план, овој буџет, се однесува на различните предизвици во здравствената политика, односно сите предизвици со кои се соочуваме. Ако не го сторевме тоа, тоа би значело дека ќе потрошевме многу повеќе пари за неколку месеци и години.“

„Буџетот е насочен кон иднината на Европа“
Иако предлогот на француско – германскиот сојуз не помина кај останатите лидери на ЕУ, сепак и Меркел и Макрон со олеснување истакнаа дека постигнатиот договор е доволно силен одговор на една од најголемите кризи со којашто се соочува Стариот континент.
„Буџетот е насочен кон иднината на Европа. Но, исто така е насочен да обезбеди дека внатрешниот пазар може да продолжи да функционира во најтешката економска криза во Европската Унија и дека земјите кои се особено погодени од пандемијата можат да ги подобрат своите напори за повторен развој. Грантовите што можеме да ги дадеме, но и гаранциите, се поврзани со реформите, натамошните случувања и двете главни задачи за иднината: 30% од парите се трошат за климатски прашања и исто така за дигитализација. Имаше долга дискусија за тоа како да се даде до знаење дека реформите навистина се спроведуваат. Од една страна, Комисијата секако ќе има важна улога овде, но и земјите – членки ќе го разгледаат ова. Сакам да резимирам дека денес, се разбира, главната работа беше да покажеме решеност. Не беше лесно. Фактот што ни требаа толку денови, исто така, покажува дека дојдовме од различни насоки. Но, она што ми е важно е дека на крајот се усогласивме и дека сега сите сме убедени дека она што решивме е навистина да направиме нешто“, истакна германската канцеларка Ангела Меркел.
Францускиот претседател Емануел Макрон, истакна дека многумина од лидерите биле скептични за француско – германскиот предлог, меѓутоа, после историски најдолгите преговори сепак постигнале консензус што ќе даде резултат.
„Овие долги преговори секако се карактеризираа со тешкотии, противречности и различни перспективи за Европа. Сепак, задоволен сум што заедно со канцеларката, секогаш сме биле посветени на соработка и амбициозен план во однос на нашата заедничка работа во текот на изминатите четири дена, но и во изминатите недели, месеци и години. Ако Германија и Франција се здружат, тие не можат да сторат сè. Но, ако тие не се согласат, ништо не функционира. Во текот на овие два месеци навистина успеавме да надминеме многу пречки. Овој план, овој буџет, се однесува на различните предизвици во здравствената политика, односно сите предизвици со кои се соочуваме. Ако не го сторевме тоа, тоа би значело дека ќе потрошевме многу повеќе пари за неколку месеци и години“, истакна Макрон.
ЕУ со помош за Ковид – 19
Иако Фондот за закрепнување од Ковид – 19 од 750 милијарди евра е наменет само за земјите членки, ЕУ распределува помош за справување со последиците од пандемијата и за земјите кои што допрва ги почнуваат преговорите за членство како нашата.
Минатата недела стигна вест од Брисел дека Македонија добива 80 милиони евра финансиска помош од Европската Унија како дел од пакетот поддршка за справување со Ковид -19 пандемијата.
Како што стои пишуваше во соопштението од Европската Комисија според потпишаниот Меморандум овие европски пари ќе ни бидат префрлени на располагање како прв чекор од помошта од вкупно 3 милијарди што се однесува на сите земји преговарачи и соседи.
Еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони изјави дека оваа помош е знак за европската солидарност со нашата земја.
„Потпишавме Меморандум за соработка со Северна Македонија со којшто ги утврдивме начините на исплата на оваа помош вредна 80 милиони. Европската Унија е посветена на борбата со коронавирусот и во и надвор од нашите граници. ЕУ покажува солидарност со Северна Македонија – ние сме посилни заедно“.
Овие пари се дадени како долгорочен заем со исклучително поволни услови за да се обезбеди макроекономската стабилност и да се создаде простор за реалокација на домашните ресурси.
Целата помош предвидена за Македонија е 160 милиони евра.

 


Foto za ramkaНа колку пари од ЕУ реално може Македонија да смета

И додека лидерите на земјите од регионот уште на враќање од Брисел кон дома споделуваа пресметки која од нив колку ќе добие од европскиот колач, на пример Грција 79 милијарди евра, Бугарија 29 милијарди, Хрватска 22 милијарди и за Словенија 10,5 милијарди евра, кај нас се појави шпекулација според која земјата може да има пристап до околу 3 милијарди евра, но овој износ е повеќе во доменот на желбите отколку реалност.
И додека лидерите на земјите од регионот уште на враќање од Брисел кон дома споделуваа пресметки која од нив колку ќе добие од европскиот колач, на пример Грција 79 милијарди евра, Бугарија 29 милијарди, Хрватска 22 милијарди и за Словенија 10,5 милијарди евра, кај нас се појави шпекулација според која земјата може да има пристап до околу 3 милијарди евра.
СДСМ соопшти дека во рамките на новиот буџет на ЕУ толку пари се испланирани за третата генерација на претпристапна помош ИПА 3.
„Овие неповратни средства нашата држава ќе ги добие како поддршка во грантови и проекти кои ќе го забрзаат нашиот економски развој и нашиот реформски капацитет. Новата Влада предводена од СДСМ во периодот кој доаѓа овие средства и проекти треба да ги реализира во областа на транспортот и инфраструктурата, земјоделието, животната средина, економскиот развој, правдата и реформите за владеење на правото и други клучни области кои заеднички се идентификувани со европските партнери“, истакнаа од СДСМ.
Меѓутоа, оваа калкулација веројатно е повеќе во доменот на желбите отколку реалност.
Посебниот советник на претседателот на Владата за евроатлански интеграции Бојан Маричиќ ден подоцна изјави дека не е оптимист дека Македонија ќе успее да ги добие, односно да ги потроши сите 3 милијарди евра, како максималната сума програмирана во рамките на новиот буџет на ЕУ за третата генерација на претпристапна помош ИПА 3
Главниот технички преговарач со ЕУ вели дека државата кандидатка треба да биде спремна за зрели проекти.
„Она што како бројка е битно е дека има скоро 12,6 милијарди за целиот регион. Таа е единствената бројка која е сигурна и однапред дефинирана. Бројката од 3 милијарди евра е достижна доколку навистина се надминеме во имплементирање на проектите. Нашата досегашна бројка или перформанс е меѓу 80 или 100 милиони евра годишно искористување на европски пари. Во овој момент се дефинирани или се додефинираат проектите кои што ќе се финансираат и парите кои што се програмираат во наредните 7 години“, рече Маричиќ.
Меѓутоа, според сегашните процени, од седумгодишниот буџет до 2027 година, земјата ќе може да повлече најмалку 600 милиони евра претпристапна помош. Оваа сума може да биде и поголема, но тоа ќе зависи од напредокот во реформите.
Експертите објаснуваат дека пристапот до европски пари е значително поголем откако земјата ќе стане дел од европското семејство.
„Мора да направиме разлика бидејќи сите прашуваат колку пари ние можеме да очекуваме од Европската Унија. Засега имаме пристап до Инструментот за претпристапна помош (ИПА), и од овој седумгодишен буџет до 2027 година, односно ИПА 3 ние се надеваме дека ќе имаме над 600 милиони евра на располагање за да ги искористиме преку различни проекти. Сосема друго е откако веќе земјата ќе стане членка на ЕУ и ќе има пристап до структурните и кохезионите фондови. Некои математики одат и до таму што износот би можел повеќекратно да се зголеми, односно да имаме и по 600 милиони евра годишно, но да не заборавиме дека ќе треба и да уплатуваме во заедничкиот буџет по околу 100 до 150 милиони евра, така што нето ефектот би бил околу 450 милиони евра. И она што е битно, е апсорпциониот капацитет на земјата, на почетокот тој е помал но како што одминува времето се зголемува“, објаснува државниот советник за европски политики, Драган Тилев.
Досега земјата имаше пристап до две седум годишни ИПА програми, преку кои имаме искористено само половина од расположливите пари.
Тилев вели дека искористеноста на парите во последниот циклус се подобрува.
„Процентот на искористеност се зголемува но не сме до крај задоволни. Само помеѓу 90% и 100% искористеност би требало да не прави задоволни и би можеле да кажеме дека имаме доволно стручен кадар, политичка волја и добри проекти како основа за повлекување што повеќе пари од ЕУ фондовите. Капацитетот на институциите и на економските оператори мора да се зголеми за да дојдеме до поголема искористеност. Тоа прави разлика, бидејќи тоа значи инјектирање пари во економијата“, вели Тилев и додава дека европските фондови се најдобар и најповолен извор на финансирање за земји како нашата со ограничен фискален простор особено за крупни инвестиции.
Досега, околу 100 милиони евра годишно имавме на располагање од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија, или скратено ИПА. Од овие речиси милијарда евра што ни беа овозможени како помош преку две програми, едната од 2007 до 2013 година, и тековната, којашто почна во 2014 и ќе трае до годинава со можност за продолжување, во три од вкупно пет компоненти искористени се само 527 милиони евра, што е малку повеќе од половина.
Од овие пари, 326 милиони евра се европски грантови, додека остатокот од 201 милион евра се обезбедени од нашиот државен Буџет.
Овие фондови се поделени во пет компоненти: транзициска помош и институционална надградба; прекугранична соработка; регионален развој; развој на човечки ресурси и рурален развој.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×