Европските метрополи во битка за позицијата на Лондон како главен финансиски центар
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

Finansiski-centar-WEBKoj ќе биде новиот финансиски центар на Европа?

По референдумското гласање за излез на Велика Британија од ЕУ, неколку европски метрополи се во жешка битка за местото кое досега го имаше Лондон – главен финансиски центар на континентот. Се нудат даночни поволности, административни олеснувања и разни други атрактивни пакети за привлекување на банките и компаниите кои сакаат да го преселат своето работење од Британија.

 

Откако на референдумот кој се одржа на 23 јуни мнозинството Британци одлучија дека сакаат Велика Британија да излезе од Европската унија, повеќе европски метрополи се во војна за местото кое досега го имаше Лондон-главен финансиски центар на континентот. Париз, Франкфурт и Даблин се трите градови кои не губеа воопшто време и веднаш влегоа во трката за да станат новиот европски финансиски центар на Европа.

Само еден ден по референдумот, ирската агенција за странски инвестиции пиша на над илјада инвеститори за да им напомене дека земјата останува во EУ и за да им предложи помош при преместувањето на вработените. Во Франкфурт властите создадоа специјална телефонска линија за банки кои сакаат да ги преместат операциите надвор од Велика Британија.
Екипа на француски финансиски специјалисти планира да патува директно во Лондон за да привлекува финансиски компании да се преселат во Франција. Француската агенција “Бизнис во Франција” испечати посебни публикации со информации за предностите да се работи и живее во Париз.

Finansiski-centar-WEB-02Високи влогови

За Велика Британија влоговите се високи. Финансиската индустрија учествува со 12% во целата британска економија. Близу 2,2 милиони луѓе работат во финансискиот сектор и со него поврзани индустрии, а над 700 илјади од нив живеат во Лондон.
Исправени пред конкуренцијата на другите европски градови, лобисти од британскиот финансиски џентар се обидуваат да го држат бродот над вода. “Меѓу нас отсекогаш имало пријателска конкуренција”, тврди Крис Камингс, главен извршен директор од групацијата за лобирање TheCityUK.
Околу дваесетмина директори на банки само една недела после Brexit се собраа во Британската асоцијација на банкари за да одлучат како да направат поголем притисок врз властите за да се задржи правото и понатаму да продаваат финансиски услуги во ЕУ. Тоа, според нив, може многу да помогне за да се задржат банките во Лондон.
Дека Велика Британија треба да испреговара трговски договор со ЕУ е повеќе од јасно, но, тоа може да потрае со години. Преговарачкиот процес за излегување на земјата од ЕУ е малку веројатно да започне пред есента, а сега челните европски функционери поставија услов дека преговорите може да почнат само откако Британија ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор со кој земјата ќе биде исклучена од Унијата.
А клиентите на банките секаат веднаш уверување дека нема да имаат проблеми со нивните услуги.
Даноците и законите во однос на пазарот на трудот, како и трошоците за живеење ќе бидат фактор при одлуката на компаниите дали да останат во Лондон.
Пред референдумот, Велика Британија имаше многу корист од статусот на про-бизнис дестинација, од пониските корпоративни даноци и од полесните правила за најмување на вработени во споредба со Германија и Франција.

Испитување на можностите

Големите играчи во финансиската индустрија ги испитуваат можностите. Morgan Stanley веќе формирала работна група која разгледува и други потенцијални локации во Европа. Barclay’s проценува дали Даблин е подобен за евентуална нова база. Други банка како Citigroup ќе почекаат шест месеци за да видат како ќе течат преговорите, пред да одлучат дали и каде ќе ги преместат операциите.
Но, според аналитичарите напуштањето на Лондон нема да биде безболно. Малку други европски градови имаат позитивни работи како на пример една часовна зона, англискиот јазик, општите правила за водење на бизнис и космополитската атмосфера.

Финансиските центри во лоби трка

Француските власти ветија дека ќе направат промени во даночниот систем со цел да го направат Париз поинтересен за странските компании.
“Сакаме да создадеме финансиски центар на иднината. Сега е време да се дојде до Франција”, изјави францускиот премиер Мануел Валс.
Тој вети и дека владата ќе воспостави административен пункт за странски компании кои сакаат да го преселат работењето во Франција, во кој услугите ќе се нудат и на други јазици освен францускиот. Француските власти се дури подготвени на формирање на доволни одделенија во училиштата за деца на странци, а по потреба и на нивните мајчини јазици.
Париз и сега е голем центар за многу пазари во еврозоната, како на пример за издавањето на корпоративни обврзници и управување со инвестиции, со 3.600 милијарди евра вредна актива на управување.
И останатите финансиски центри во 19-члената еврозона почнаа да лобираат кај лондонските финансиски компании.
Новиот градоначалник на Милано од левиот политички блок, Џузепе Сала се сретна со првиот човек на Европската агенција за банки (ЕБА) со цел да го придобие овој регулатор во ЕУ со седиште во Лондон да го избере Милано за свое ново седиште, бидејќи е веќе многу извесно дека ќе мора да си замине од Велика Британија после Brexit.
Сала разговарал и со челниците на Европската агенција за лекови (ЕМА) со цел седиштето од Лондон да го пренесат во Милано. ЕБА и ЕМА заедно вработуваат околу 1.000 луѓе.
Официјален Мадрид порача дека размислува за воведување на даночни олеснувања со цел да ги привлече банките и меѓународните компании кои сакаат да си заминат од Велика Британија после референдумската одлука за излегување од ЕУ.
Франција и останатите членки на ЕУ се на мислење дека британските финансиски компании не би смееле да го задржат т.н. “пасош”, кој им овозможува пристап и на пазарите во ЕУ ако Британија не гo прифати начелото на слободно движење на луѓето, на што се противат заговорниците на Brexit.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×