Европските мировни сили се спремни за брза интервенција при нов конфликт во Босна
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Мировните сили на Европската унија во Босна и Херцеговина (EUFOR) ги предупредија локалните лидери дека се подготвени да се вмешаат во краток рок, ако дојде до нови конфликти.

„Постигнато е многу, но многу може да се загуби одново“, објасни командантот на EUFOR, генерал-мајорот Антон Валднер. EUFOR има 800 војници на територијата на БиХ, каде над 100.000 луѓе загинаа во конфликтот од деведесеттите години на минатиот век.

Валднер рече дека политичките лидери го имаат во рацете „најсилниот клуч“, и напомена дека EUFOR сѐ уште има право во многу краток рок значително да го зголеми бројот на војници во БиХ. „Нема да се колебам да повикам резервни сили, ако биде неопходно“, потцрта Валднер.

Новиот раководител на операциите на EUFOR, генерал Џејмс Еверард, изјави дека има „игра на надворешни влијанија“ во поширокиот регион на западниот Балкан, и оти во случајот на БиХ тие игри можат да се одразат на напредокот на државата.

Стравувањата дека може да се стигне до нов конфликт во Босна се појавуваат на фонот на иницијативите за отцепување во Република Српска – административната единица каде живеат босанските Срби.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×