Европските регулатори предупредуваат за ризиците од инвестирањето во виртуелни валути
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

Bitcoin 943 WEBДодека биткоинот не престанува да соборува рекорди

Инвестирањето поврзано со иницијални понуди на виртуелни валути е исклучително ризично и високо шпекулативно, предупредуваат европските регулатори, кои главните ризици ги гледаат во нерегулираноста, големата можност од губење на инвестираниот капитал, недостатокот од можности да се излезе од инвестицијата, недоволната информираност …

 

Европското тело за хартии од вредност и пазари ги предупреди инвеститорите за значителните ризици во случаите на таканаречената иницијална понуда на виртуелна валута.

Во случај да размислувате за инвестирање или веќе сте инвестирале, треба да ги земете предвид значителните ризици што може да значат и целосна загуба на вашата инвестиција, велат од Комисијата за финансиски надзор. Особено внимание обрнуваат на тоа дека ако таква иницијална понуда не е предмет на регулација, никој од инвеститорите нема да добие заштита.

Од европското тело согледуваат бурен раст на ваквите понуди што собираат капитал за компании, и се загрижени дека инвеститорите може да не ги сфаќаат ризиците што ги преземаат.

Од двете институции предупредуваат дека станува збор за високо шпекулативни инвестиции (во контекстот периодов медиумите многу го цитираат и претседателот и директор на Morgan Stanley, Џејмс Горман, кој изјави дека „нешто што се зголемува со 700% за една година по дефиниција е шпекулативно“, и оти биткоинот „може да се зголеми за уште 700%, но може и да не“) . Во зависност од структурата, овие понуди може да се надвор од полето на регулацијата. Во тој случај инвеститорите не можат да ја користат заштитата што им ја даваат регулираните инвестиции. Постои опасност од измама или незаконска дејност, што се должи на анонимноста на понудите и нивната можност да соберат големи суми пари за краток период.

Што е иницијална понуда на виртуелна валута?

Станува збор за иновативен начин за собирање средства од широк круг луѓе, така што се користат виртуелни валути или виртуелни парични единици. Можно е, исто така, ова да биде наречено иницијално акумулирање на виртуелна парична единица или продажба на виртуелна парична единица. Обично, физичко или правно лице издава виртуелна валута или виртуелна парична единица, и ги нуди за продажба или размена за традиционални валути, како, на пример, евро, но почесто за виртуелни валути, како биткоин.

Карактеристиките и целите на виртуелната валута или виртуелната парична единица варираат. Некои од нив служат за да се обезбеди пристап или да се купи услуга или производ, што издавачот ги развива во процесот на иницијалната понуда. Други претставуваат право на глас или на дел од идните приходи на издавачот. Некои немаат материјална вредност. Некои виртуелни валути или виртуелни парични единици се тргуваат и/или може да се разменат за традиционални или виртуелни валути на специјализираните берзи за виртуелни валути.

Кампањите за иницијални понуди се пласираат на интернет. Обично виртуелните валути или виртуелните парични единици се создаваат и дистрибуираат со користење на технологијата на дистрибуирани записи (DLT) или блокчеин. Иницијалните понуди се користат за собирање средства за широк круг проекти, вклучително, но не и само, за наплата на долгови за бизниси преку DLT. Буквално секој што има пристап до интернет може да учествува во таква понуда.

Кои се главните ризици?

Според европското тело, овие понуди на виртуелни валути се исклучително ризични и високо шпекулативни инвестиции.

Главните ризици се:

  • Нерегулирана сфера, каде има опасност од измама или од незаконска дејност: Во зависност од структурата, понудите на виртуелни валути може да не се предмет на постојни правила и да се надвор од сферата на регулирање. Некои може да бидат искористени за имама или за незаконска дејност. Истовремено, некои се користат и за перење пари. Во случај да не се уредени со законодавството на Европската унија, инвеститорите не можат да ја користат заштитата што ја нудат овие закони.
  • Висок ризик од загуба на целиот инвестиран капитал: Голем дел од понудите почнуваат од бизниси што се сѐ уште во рана етапа од својот развој и носат значителен ризик од неуспех. Многу од виртуелните валути или виртуелните парични единици што се издаваат, немаат своја внатрешна вредност, освен можноста да се користат за овозможување пристап за користење услуга или производ што ги развива издавачот. Нема гаранција дека услугите или производите ќе бидат успешно развиени. Дури и во случај проектот да е успешен, евентуалната корист може да е исклучително ниска во споредба со инвестираниот капитал.
  • Недостаток на можности за излегување од инвестицијата и голема нестабилност на цената: Можно е инвеститорите да можат да тргуваат со виртуелната валута или виртуелните парични единици или да ги заменат за традиционални валути, како еврото. Не сите виртуелни валути или виртуелни парични единици се тргуваат на виртуелни валутни берзи. Дури и кога се тргуваат на вакви берзи, цената може да им биде исклучително нестабилна. Многу од овие берзи не се регулирани и има опасност од ценовна пазарна манипулација и измами. Можно е инвеститорите да немаат можност да излезат од инвестицијата или долго да немаат можност да ја реализираат вредноста на своите виртуелни валути или виртуелни парични единици.
  • Несоодветна информација: Информацијата што ја даваат инвеститорите, на пример, таканаречениот „бел документ“ (white paper), во повеќето случаи е неовластена, непотполна, пристрасна или дури манипулативна. Обично се акцентира на веројатните предности/корист/добивка, а не на ризиците. Оваа информација е специјализирана и е тешко разбирлива. Така се остава можност инвеститорите да не ги разбираат ризиците што ги преземаат, и да инвестираат на начин што не одговара на нивните потреби.
  • Грешки во технологијата: Технологијата на дистрибуирани записи или блокчеин, што е во основата на виртуелната валута или виртуелната парична единица, сѐ уште не е тестирана. Можно е да има грешки во нејзиното кодирање или во програмите што се користат за создавање, префрлање или чување на виртуелни валути или на виртуелни парични единици. Можно е инвеститорите да немаат пристап или контрола врз својата виртуелна валута или виртуелна парична единица, или истата да биде украдена, на пример, во случаите на хакерски акции. Во принцип е можно технологијата да не е безбедна и доверлива, на пример, во случаи на голема оптовареност.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×