Европските земји се договорија да вложуваат во вештачка интелигенција
Објавено на од во hi-tech & business

24-држави, членки на Европската унија, плус Норвешка, вчера потпеишаа Дкларација со која сакаат да создадат „европски пристап“ до технологијата поврзана со вештачката интелигенција, со цел Европа на овој план да не заостанува зад големите технолошки компании од САД и од Азија.

Потписничките на Декларацијата се договориле дека ќе почнат да вложуваат средства од државните буџети во развојот на вештачката интелигенција, но не се обврзале во однос на сумите што ќе ги издвојуваат.

Од вкупно 28-те земји на ЕУ, Декларацијата не ја потпишале Кипар, Грција, Романија и Хрватска. Според Европската комисија, кај овие земји не се работи за некакво несогласување со Декларацијата, туку тие не сакале да ја потпишат без да ја помине формалната процедура на одобрување во Парламентот.

Франција и во оваа прилика преку свој министер повтори дека сака да биде европски предводник во вложувањата во вештачка интелигенција, и земјата планира за целта во наредните четири години да вложи 1,5 милијарди евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×