Евтината нафта ги поевтини производите на Витаминка
Објавено на од во Економија

Македонската компанија за прехранбени и кондиторски производи Витаминка од  Прилеп објави дека ги намалува цените на  своите производи како резултат на намалувањето на производствените трошоци по падот на цената на енергенсите.

Овој пат, како резултат на светскиот тренд на намалување на цената на енергенсите, во последниве неколку недели Витаминка забележа пад на трошоците за производство. Намалувањето на цената на производите во моментов е реакција на случувањата на глобално ниво и поради намалените трошоци, за нас како компанија се отвори можноста за корекција на цените во надолна линија, а краен бенефит ќе имаат нашите потрошувачи“, изјавија од Витаминка АД Прилеп

Инаку, компанијата е меѓу првите македонски производители која ги намали цените на своите производи по двојното намалување на цената на нафтата на светските берзи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×